Зошто странците поддржуваат корумпирани политичари
Во пресрет на уште едно вето (не се знае кое по ред) интересен твит за политиките на странскиот фактор и неговите геостратешки интереси.
Се прашувате зошто странците ја толерираат баграта корумпирани политичари кои ве пљачкаат 30 години? Затоа што баграта е дел од нивниот систем за контрола.
Корумпираните политичари пљачкаат, странците гледаат од страна и кога ке се создадат дупки во буџетот, странците се појавуваат како “спасители” и “донатори”, за да ни “помогнат” на нас, затуцаните Балканци кои што не се способни сами да се грижат за себе.
Пример:
Се крадат 5 милиони евра од буџетот, кои што биле наменети за пречистителна станица за отпадни води. Сега фалат пари, и проектот се одложува. И тука доаѓаат странците со нивните “фондови” и ен-џи-оа и велат:
„Нема проблем, еве ние ќе ви ја изградиме станицата, но “ќе треба да играте како што ви свириме затоа што сега ве држиме за јајца“.
Резултатот е ова што го гледате денес:
1. Корумпираните политичари се добредојдени
2. Народот е деморализиран, волјата за биде креатор на својата судбина плански му се намалува секој ден. Кога еден народ ќе постане зависен, депресивен, без надеж, без волја за живот, без волја за борба, тој народ станува роб, а неговата држава обична колонија.
Но странците се само половина од проблемот. Другата половина од проблемот е кај НАС.