Ѓорѓи Илиевски: Јаничару Топалов

Ѓорѓи Илиевски
Виш просветен инспектот

Во повеќе наврати Кирил Топалов, инаку член на мешовитата експертска мултидисциплинарна комисија  за  историски  и  образовни   прашања меѓу Р. Македонија и Р. Бугарија, во бугарските медиуми (кои често се пренесуваат и кај нас) дава изјави од  типот:  „низ срцата на една  третина од бугарското население   тече   крвта   на   оние   Бугари   што   гинеле   за   слобода   на   Македонија, поради што нивните потомци никогаш нема да прифатат дека нивните дедовци не зборувале бугарски јазик и не ги дале своите животи со јасна бугарска свест“. 

Јаничару Топалов, да те потсетам, ти си роден во 1943 година во Софија. Пишуваш дека си македонски бугарин, потомок на бегалец од Дебар.  Ти всушност си ги добил сите привилегии во Бугарија, почнувајќи од основно образование до професорска и дипломатска кариера. Од Бугарија си добил разни признанија и ордени. Основите на твојата кариера си ги изградил во време на комунизмот воБугарија под советска   доминација, по кои сега така жестоко плукаш. Така си накалемен да искористиш се што може од еден систем, а потоа без трунка совест и човечко достоинство да се свртиш против него. Притоа, забораваш дека со тоа плукаш против себе. 

Од друга страна ти се самоидентификуваш како македонски Бугарин. Впрочем тоа е твое право, ти самиот знаеш како си накалемен, но знаеме и ние, каков хибрид си. Едноставно, ти си јаничар. Сепак твое лично право е како се самоидентификуваш во твојата татковина Бугарија која ти дала се, но те предупредувам, немој ни случајно да се обидуваш да ни поддметнуваш бугарска основа за калем на нам, Македонците, во нашата татковина Македонија.

Јаничару  Топалов, знаеме дека во потрага на своите корени можеш да приведеш разни информации во статистиките на твоите калемераи, кои овие своите статистики го составувале за оправдување на бугарските хегемонистички претензии кон Македонија. Но, тие не се единствени извори за реконструкција на минатото. Впрочем ти треба да знаеш дека османлиските пописни тефтери во нашиот дебарски крај, како и насекаде во Македонија и Балканот, разликуваат само муслимани и немуслимани т.е. христијани. Но, постојат и други извори кои недвосмислено говорат за  македонско славјанско христијанско население, каков што впрочем е твоето потекло, но и потеклото на твоите и моите роднини. 

За разлика од тебе, ние не мислиме, не доживуваме и не прифаќаме дека нашите корени се бугарски.  Ние сме потомци на христијанско  население од славјанско потекло, ние сме Македонци. Нашите корени се македонски, а македонски се и нашите стебла и нашите плодови. Такво, македонско ни е и семето и племето. Да те потсетам дека од хибридните сорти не бидува семе. Тие сорти се одржуваат исклучиво на вештачки начин.

Јаничару Топалов, во градот Дебар со векови биле застапени и сочувани стари македонски родови. Такви се, на пример, родовите Казанџиовци, Шулајковци, Панчевци, Чопкаровци, чии што потомци денес може да се сретнат во Скопје, Битола, Белград и Софија. Раселувањето на старите родови од Дебар започнало во османлискиот период и продолжило потоа од разни економски, политички и безбедносни причини. За илустрација ќе ги споменам само родовите: Симоновци, Куновци, Ќешировци, Пелетковци. Од друга страна, во   меѓувреме во Дебар се доселувале славјански македонски родови од неговата поширока околина, а потоа (од веќе споменатите причини) повторно се раселувале. Меѓу таквите, ќе ги спомнам родовите: Чочковци, Џиковци, Тикварци. Од последниот род  се формирало Тикварско   маало. Така, на пример, Чадиковци се од потекло од Коџаџик. Твојот род, родот на Топаловци, води потекло од село Староец близу Пишкопеја, а таму се викале Кајмаковци. Од овој род, преку Дебар се иселиле семејства во Битола, Скопје, Струга и Софија.

Јаничару Топалов, ти и твојот род  немате никаков бугарски корен, туку славјански – македонски. Јаничару Топалов, таа е вистината. Твоите   корени се македонски, а не бугарски.

Јаничару Топалов, бугарското општество ти ги дало сите удобности, лични унапредувања  за да можеш ти (има и други такви јаничари со македонски корени) за да може гласно да лаеш по својот род, по својата мајка Македонија. Те хранат за да лаеш. Јаничару Топалов, можеш да лаеш колку што сакаш, но имај предвид дека ти си врзан за ланец и ќе лаеш дури ти потфрлат соголени коски. Штом стопанот или некој друг ќе те погледне под око, ти ќе си ја подвиткаш опашката. Само да знаеш, дека  твоето лаење само не; потврдува нас како Македонци. 

Јаничару Топалов, за таквите накалемени хибриди како тебе, нашиот великан Гоце Делчев ќе рече: „Јас не познавам друг народ кој толку страдал од своите синови – изроди, отколку македонскиот“. Ти си еден од тие македонски изроди – ти си еден од повеќето бугарски јаничари.