АктуелноБиблиотекаЛокално

Црвена Младина: Ој Блаже капитализмот е полош за работниците и од феудализмот

Извесен Блаже Аризонов, сакајќи да се занимава со научни прашања, а трудовите кои ги ползува за таа намена очигледно дека не ги ни чита, туку едноставно си зема само одредени извадоци од нивните нивните дела и тоа пренесени сосема погрешном најќесто преку некој вид на современите мејнстрим медиуми. Па така, Блаже се повикува на ставови на автори кои никаде не постојат освен во неговата глава, а особено не во интегралниот опус на авторот.

Очигледно Блаже, засекиран од популарноста на социјалистичките идеи, особено нивното резонирање кај младата популација, тој ни се обраќа со текст насловен „Ој Црвена Младино – треба да ти кажам нешто за социјализмот“. За да не остане незабележано, ние сериозно се позанимававме со тезите на Блажета, па решивме подолу да му објасниме неколку работи, пред се да му укажеме на неговата заблуда околу марксизмот.

Најпрво, она во прилог на што Маркс аргументира не е ставот дека „социјализмот е неминовност“, туку – критикувајќи го авторот на статијата „Карл Маркс пред судот на г. Жуковски“ – објаснува дека авторот „по секоја цена настојува мојата историска скица на генезата на капитализмот во Западна Европа да ја претвори во историско-филозофска теорија на општото движење, судбински наметната на сите народи, па макар какви и да се историските околности во кои се тие сместени, за најпосле да стигне до оваа економска формација којашто го осигурува, со најголемиот размав на продуктивните сили на општествениот труд, најполниот развиток на човекот.

Понатаму, во никој сличај не е Марксов аргумент дека капитализмот доаѓа до „точката од која понатаму не може повеќе да расте, својот максимум, предизвикан од неподносливата експлоатација на работникот“, како што ти Блаже го наведуваш. Туку, вистината е следна: во оддел трети „Закон за тенденциско опаѓање на профитната норма“ (во третиот том од „Капиталот“) Маркс предупреди на причини со спротивно дејство:

„Зошто ова паѓање не е поголемо или побрзо … влијанија со спротивни дејства, кои го попречуваат и укинуваат дејството на општиот закон и нему му даваат карактер само на тенденција, поради што паѓањето на општата профитна норма ние го означивме како тенденциско паѓање.“

Така да, токму едно од овие влијанија со спротивно дејство на тенденциското опаѓање на профитната норма е „повишувањето на степенот на експлоатацијата на трудот“ (!) Имено, на стр.225 од истиот том, Маркс дообјаснува зошто профитната норма паѓа: „не зашто работникот помалку се експлоатира, туку зашто во однос на применетиот капитал воопшто помалку се применува труд.

Како што реков, Маркс го сметаше капитализмот за неопходна фаза, но и за транзициона, привремена, само додека се создаде таа точка на максимално благо (terminal wealth) после која револуционерите би преземале, би почнале со распределба и би почнал процесот на Утопија.“ – Блаже Аризанов

Маркс не го сметаше капитализмот за неопходна фаза. Во 1881 год. Маркс ѝ пишува писмо на Вера Засулич, угледна револуцинерка од Русија, во кое се осврнува на прашањето на теоријата и предвидувањата кога станува збор за размислување околу идниот тек на историјата. Особено, тој негира дека неговата теорија има определени предиктивни импликации за развојот на капитализмот или социјализмот во Русија, односно дека таа претставува „историско-филозофска теорија на општото движење“.

Писмото е интересно во неколку аспекти:

Прво, Маркс експлицитно ја отфрла идејата дека неговите економски и историски теории се соодветни на задачата за идентификување на неопходниот или неизбежен тек на историскиот развој. Накратко, тој ја отфрла идејата за неопходен редослед на начини на производство. Наместо тоа, Маркс признава дека го препознава постоењето на идни настани или околности што е можно, но не може да се предвидат со сигурност, а кои постојат во историскиот развој, како и степенот до кој историјата создава нови услови во својот тек што влијаат на идните случувања.

Другата важна поента на писмото е неговата суштинска анализа на материјалните карактеристики на руската селска комуна и потенцијалот што го има оваа општествена форма за конституирање на материјалното јадро на алтернативниот пат кон социјализмот во Русија. Како што е јасно од писмото, Маркс смета дека општествените односи поврзани со селанската комуна даваат можна општествена основа за модерна социјалистичка економија, и ова би била економија која не би била „пост-капиталистичка“, туку технолошки и општествено развиена.

Во својата „Критика на Готската програма“, Маркс категорично се изјаснува против редистрибутивната правда на т.н. „вулгарен социјализам“, каде ќе напише: „Вулгарниот социјализам (а од него еден дел од демократијата) има наследено од буржоаските економисти дистрибуцијата да ја разгледува како независна од начинот на производство и поради тоа социјализмот да го претставува како тој главно да се врти околу дистрибуцијата. Откако вистинскиот однос е одамна разјаснет, зошто враќање назад?

Маркс тврди дека има крајна точка на човековата инвентивност, на човековата способност за креација, на човечката генијалност.“ (Блаже Аризанов)

Не, Маркс никаде не аргументирал дека постои „крајна точка на човековата инвентивност“, а Аризанов ова негово тврдење мора да го докаже со цитат. Она што Маркс го аргументира е дека:

„Ниту еден капиталист нема да примени доброволно некој нов начин на производство, колку и да е попроизводен или колку и да ја зголеми нормата на вишокот на вредноста, ако тој ја смалува профитната норма.“ (Капиталот, том трети, стр. 241, мак.изд.)



Доколку профитната норма не беше стимул на производството, туку потребите на населението, во тој случај, пазарните неуспеси би исчезнале а со нив и „човечките проблеми и страдања“. Подолу ќе илустрираме само неколку од безбројните примери:

1) Автомобилската индустрија се бореше со децении за да спречи задолжителни појаси, воздушни перничиња и други критични безбедносни елементи. Зошто? Бидејќи додавањето на такви уреди за спас на живот ги крати профитите;

2) Фармацевтска индустрија: Според д-р Џорџ Силвер, професор на Медицинскиот факултет на универзитетот Јејл, околу 22 проценти од 6 милијарди дози на антибиотска медицина секоја година се препишени во поголеми количини отколку што е потребно, што резултира со 2000 до 10 000 непотребни смртни случаи годишно;

3) Експлозивниот Форд Пинто: Форд со години знаеше дека ќе чини само 11 долари за еден Пинто за да ги поправи неисправните резервоари за гас што експлодируваа при удар. Компанијата одлучи наместо тоа дека е поевтино да ги остави своите клиенти да изгорат и да им исплатат отштета на жртвите или на нивните семејства;

4) Осигурителни компании: Оваа индустрија е позната по тоа што се бори со сопствените клиенти на суд за да избегне исплаќање на осигурувања. Ги блокираше пациентите со медицинска состојба што започнала пред да стапи на сила здравственото осигурување, допуштајќи им да умрат за да си го зачува профитот. Го намали престојот во болница за бремени жени на пораѓање на 24 часа за да ги намали здравствените трошоци;

5) Jack in the Box: Во 1993 година, труење со ешерихиа коли од недоволно приготвени хамбургери уби три деца од Сиетл и разболи стотици други. Се проценува дека болеста пренесена преку храна влијае на некаде од 6,5 милиони до 81 милиони луѓе годишно. Околу 9000 умираат само од ешерихиа коли и салмонела. И покрај тоа, прехранбената индустрија силно лобираше во Конгресот за дерегулација и релаксирање на федералните стандарди за инспекција на храна;

6) Тутунската индустрија: И покрај фактот дека тутунот директно убива 420 000 луѓе годишно, и уште 50 000 пасивни пушачи, тутунските компании сè уште ги произведуваат цигарите со никотин за да ги направат потрошувачите повеќе зависни. Рекламните кампањи конкретно се насочени кон тинејџерите да ги заменат постарите пушачи кои умираат;

7) Златна треска: Во 760 година толпа сиромашни луѓе извадиле злато од песокот на реката јужно од Прага, а тројца биле во можност на ден да извлечат марка злато и толку големо било последователното брзање кон „копањата“ и толку голем бил бројот на рацете извлечени од земјоделството, што во следната година земјата била погодена од општа глад. …

Historian ties Dems to Marxist plan to collapse U.S. from ...
Карл Маркс

Вториот момент е концептот за транзиција кон Утопија, работнички рај. Овој процес би требало да биде менаџиран, како и секој друг. Значи би било потребно владеачка класа, железна рака, некој што би го водел.“ (Блаже Аризанов)

Работниците се способни самостојно да управуваат со комунистичкото општество. Една фуснота од ,,Капиталот‘‘ гласи вака:

„Весникот на англиските филистри „Spectator“, известува на 3 јуни 1866 по воведувањето на еден вид ортаклак меѓу капиталист и работник во компанија за производство на жица во Манчестер: прв резултат беше брзото смалување во растурањето материјал, зашто работниците не можеа да увидат зошто би имале тие повеќе да ја растураат својата сопственост отколку другите претприемачи својата; а растурањето на материјалот, покрај надворешните незгоди, е извор за најтешки загуби во фабрикацијата‘‘.

Истиот весник го открива како основен недостаток на кооперативниот експеримент во Рочдел:

„Тие покажаа дека работничките асоцијации можат успешно да раководат дуќани, фабрики и скоро сите форми во индустријата, а освен тоа вонредно им ја поправиле положбата на самите тие луѓе, но! но!, тогаш тие не оставиле ниедно видно празно место што може да го заземе капиталистот“. Quelle horreur!“.

Овој случај ви е историски доказ дека работниците можат да работат и менаџираат во истовреме а со тоа и да ги заменат капиталистите, но не е можно на капиталистички начин, односно при стоковно производство да се решат проблемите, кои се својствени на самиот тој систем (како што се конфликтот меѓу раширувањето на производството и оплодувањето на вредноста; законите за сопственоста, својствени на стоковното производство, кои се преобратуваат во закони на капиталистичкото присвојување, и други).

Друг успешен пример за самоуправен социјализам наоѓаме во кинеското село Нанчицун со повеќе од 3100 жители, каде комунистичкиот принцип „Надминете ја свеста за приватна сопственост и воспоставете концепт за големо семејство“ строго го води секојдневниот живот на жителите. Во 1980-тите, кога остатокот од Кина воведуваше пазарни реформи, Нанчицун отиде во друга насока, колективизирајќи ги своите фарми и индустрии. Од 1981 до 1984 година, селото го проба системот на домаќинства кои се одговорни за профитот и загубата на едно претпријатие, кога беа приватизирани земјиштето и фабриките во селото, но официјалните лица од Нанчицун соопштија дека ваквиот систем резултирал со опаѓање на земјоделското производство, зголемување на криминалот и општите непријателства и конфликти во селото. По повторната колективизација на Нанчицун, селото доживеа експоненцијален раст на економијата, а управата на селото започна да ги снабдува своите селани со бесплатна електрична енергија, храна, вода, школарина, опремени станови, здравствена заштита и животно осигурување. За време на раните 90-ти, селото започна да привлекува политичко внимание од официјални лица низ цела провинција Хенан, што му овозможи да добие големи заеми за нови проекти. Истовремено, Нанчицун започна да вработува работници однадвор во голем број. Селото инспирирало низа други села во земјата повторно да колективизираат.

Ова беше да ти докажеме дека има примери на работничка самоуправа, особено кога се однесува на производството. Но, притоа ние никаде не ја негираме улогата на политичката авангарда на работничката класа, осовено не при околности на империјалистички закани од страна на земји кои пазарите ги освојуваат со војна и други методи на насилство и уцени.

Зарем не знаеме дека социјалистичкиот експеримент пропадна во Русија и секаде каде што беше пробан?“ (Блаже Аризанов)

Не знам што Блаже ти подразбираш под „успех“, но, социјалистичката револуција и планската економија беше период во кој руското (и општо СССР) општество успешно транзитираше од феудална заедница во водечка техничко-технолошка и ултра модерна индустриска заедница! И секако, воопшто не е коректно од твоја страна Блаже, тоа што го занемеруваш фактот дека токму СССР беше заедницата која ги жртвуваше сите свои ресурси како и многу човечки капитал само да го запре злото на фашизмот кое ја проголта цела Европа! Освен тоа, денеска нај-успешната и нај-брзорастечка нај-продуктивна е економијата на Народна Република Кина, водена токму од Комунистичката Партија на Кина (CPC). Чекај, не брзај, пред да истресеш дека Кина не е комунистичка/ социјалистичка, прочитај овде.

Нападни ја клептократијата, не го напаѓај капитализмот.“ (Блаже Аризанов)

Неолибералите како Аризанов даваат неколку примери на кумовски или crony капитализам. Можеби најпознати и најважни се агенциите за домување Фреди Мек и Фани Меј. Но, Конгресот ја приватизира Фани Меј во 1968 год. со што стана компанија во сопственост на акционери финансирана целосно со приватен капитал. Во 1989 год. Фреди Мек беше реорганизирана и претворена во компанија во сопственост на акционери. Дури во јуни 2008 во екот на финансиската криза владата официјално ги национализира, покрај осигурителната компанија AIG, 700 банки како и Џенерал Моторс и Крајслер. Владата дури не интервенира во име на приватни интереси, туку интервенира во име на самиот систем. Ваквото целосно отуѓување на економскиот систем од човечките интереси е јасен знак дека тој треба да пропадне и да отстапи место на повисок општествен поредок: КОМУНИЗАМ.

Сите знаеме што е алтернативната верзија на профит – централната планска економија што ја воведе Ленин во 1921 година во Русија. Повеќето знаеме како се одигра овој филм. Но дали Црвените млади знаат?“ (Блаже Аризанов)

Првата и голема промена на Лениновата Нова економска политика од 1921 год. беше елиминирање на реквизицијата на жито и нејзина замена со пропорционален данок, прво во натура, а потоа во валута, за селаните кои сега биле слободни да задржат дел од вишокот производство и да го продаваат на пазарите што се развиле. Покрај промената на данокот, биле воведени и други мерки за да се олесни обновувањето на слободната трговија. Кога колективизацијата на земјоделството наишла на отпор, било дозволено приватно поседување на земјиште. Селаните можеле слободно да ја обработуваат земјата како што сакаат и им било дадена гаранција на закупот. Отпрвин имало само прикриен закуп на земјиште и вработување работна сила, но до крајот на 1922 година тоа било дозволено со новиот аграрен законик. Укината била задолжителната работа, а платите биле во склад со продуктивноста. Работниците можеле да бидат отпуштени од работодавачите. „Една од најзначајните последици беше спонтаната појава на класа брокери, наречени непмени, за да ги координира купувањето и продажбата на вишокот производи на селаните. Овој претприемачки елемент е една од дефинирачките карактеристики на пазарната економија.“ (Шелдон Ричман) Централното планирање било напуштено, а паричните биланси биле обновени. Во 1922 и 1923 година приватната трговија сочинувала 90 проценти од дистрибуцијата. Национализацијата на индустријата престанала. Додека некои претпријатија биле номинално во сопственост на државата, тие биле изнајмени на физички лица и делувале приватно. Државните субвенции биле стопирани, а од претпријатијата се очекувало да се снаоѓаат со купување и продавање на пазарот. Тешката индустрија, која претставувала малцинство на претпријатија, требала да биде приоритет за државата, но честопати ѝ се давало дозвола за продажба на слободниот пазар. Претпријатија, наречени трустови, биле формирани за време на периодот на НЕП и им било дозволено да остваруваат профит. Владата воведила дури и златна рубља.

Какво благо ќе распределуваат Црвените млади во таа нивна Утопија, она на грст луѓе што успеале да заработуваат 1,500 евра месечно?“ (Блаже Аризанов)

Факти за македонскиот капитализам „задушен од социјалистички, клептократски структури“ (Аризанов) кои тој треба да ги знае: приватниот сектор вработува 76% од работниците, учествува со 82% од вкупното производство и поседува над 99% од фирмите! Во Народната банка комерцијалните банки веќе имаат депонирано пола милијарда евра. На нив државата исплаќа 3 отсто камата наместо да ги конфискува. 14 000 луѓе во државава заработиле исто толку пола милијарда евра и ако УЈП им ја зголеми стапката на даночење на 30 отсто наместо 10 отсто сегашни тоа ќе инкасира дополнителни 110 милиони евра. Дознаките од странство за кои се проценува дека достигаат и до 2 милијарди евра годишно исто така може прогресивно да се оданочуваат и овие средства да се искористат за инвестиции во нови капитални добра. Во 2019 година, работничката класа додала вредност од 2 394 557 377 евра. Од овој вишок вредност некои преку даночење на примарните експлоататори – капиталистите, сакаат да одземат вкупно 160 милиони евра и да ги дадат на државната бирократија. Вишок вредност од 2 234 557 377 евра сè уште ќе остане во рацете на капиталистите! А, работниците ќе продолжат во услови на наемно ропство да фигурираат како статистичка бројка од 99%!

И во 1930-тите се сметаше дека е крајот на капитализмот. И во 1945-тите се сметаше дека е крајот на капитализмот, дека дојде време за Револуцијата. Дали во овие две минати инстанци беше крајот на капитализмот? Ете нé тука денес. Зошто да овој пат сега би бил крајот на капитализмот. Не беше претходните два пати – зошто би морал да биде сега?“ (Блаже Аризанов)

Советскиот модел на оданочување од 1930-тите години имал токму таков перформанс – да го приватизира вишокот на општествениот труд во корист на бирократијата. Употребата на посредно оданочување, како што се данокот на промет (советската даночна реформа од 1930-1932) или данокот на додадена вредност, и уште повеќе потпирањето на даноци на профит заработен од државните претпријатија, ја става државата во положба на колективен капиталист во однос на работниците. … Потпирањето на профит од државната индустрија е скриен облик на приход, кој не е лесно подложен на демократска контрола. Германскиот термин за такви даноци Mehrwertsteur се преведува како „данок на вишок вредност“, концизирајќи многу добро која е неговата економска функција од гледиштето на марксизмот. Реставрацијата на капитализмот во Југославија беше извршена веднаш по војната со обновувањето на стоковното стопанисување. Идеолошка и псевдонаучна поддршка на истото беше дадена на VII-от Конгрес на СКЈ, одржан во Љубљана во април 1958 год., кога конгресот зазема став: „Стоковниот карактер на стопанството е израз на сегашниот степен на развиеност на производните снаги“. Значи, капитализмот се реставрира веднаш со враќањето на стоковно-паричното работење, а не по одлука на некое лице или форум. Сегашната „реставрација“ е само формално признавање на поранешната суштинска реставрација извршена уште 1945 година.

Капитализмот се уште е подобрата шанса за прогрес за обичниот човек. Не најдобрата, но далеку подобрата во однос на алтернативата. Посебно во земји како нашата во која капитализмот и инвентивноста се уште немаат добиено фер шанса, се уште задушен од социјалистички, клептократски структури.“ (Блаже Аризанов)

Во 2016 година, најбогатите 10% од оние кои заработуваат оствариле 50% од приходот во САД. Истите тие 10% поседуваат 77% од богатството. А најсиромашните 50%? Половина од американскиот народ? Тие поседуваат 1% од богатството, од кои 1 на 10 има негативна нето вредност. Во 2020 година, нето-имотот на Џеф Безос се зголеми за 87 милијарди долари, надминувајќи 200 милијарди долари во август, додека милиони Американци се соочуваат со невработеност и беспарица. Соединетите Американски Држави се една од најскапите земји за живеење во светот. Извештајот на CBS News во 2018 година открива дека трошоците за живот во Америка се зголемуваа со драматична стапка – инфлацијата беше на 2,9%, а платите опаѓаа. Селаните во 1300-тите работеле во просек 300 часа помалку годишно отколку што работеле американските работници во 2015 година. Ова не е слика за здрав економски систем.

Бранителите на капитализмот не гледаат дека епохата пред класичниот либерализам им нудел на работниците подобри алтернативи освен само таа да работат за капиталистите, и дека бројот на гладни и бездомници во добата на американскиот класичен либерализам се зголемил во 1870-тите, а очекуваниот животен век се намалил токму поради индустријализацијата. Наравоучение: капитализмот е полош за работниците и од феудализмот!

Karl Marx Biography - Childhood, Life Achievements & Timeline