АктуелноИнтернационално

Сноуден: Бајден уште од почетокот е длабоко вмешан во cкaндалот со приcлушкување на европските лидери

Данската тајна служба ѝ помогна на Американската агенција за национална безбедност (НСА) да ги шпионира европските лидери, откри заедничка истрага на европските медиуми, а претседателот на САД Џо Бајден, бил добро информиран за тоа, рече Едвард Сноуден.

Меѓу шпионираните лица се и германската канцеларка Ангела Меркел и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, откри истрага на медиумите. Дека САД не ги шпионираа само своите граѓани, туку и странските лидери, првпат излегоа на виделина во 2013 година благодарение на свиркачот Едвард Сноуден, кој беше вработен во американската НСА, но новинарите дури сега добија пристап до извештаите со детали.

Извори на тајните служби ги пренеле информациите на тим кој вклучува дански, шведски и норвешки радиодифузери, како и францускиот весник Ле Монд и германските јавни радиодифузери ГДР и ВДР. Детали од истрагата покажуваат дека политичари од Германија, Шведска, Норвешка, Холандија, Франција, па дури и данското министерство и индустрија биле мета на американската НСА, на која ѝ помагала данската тајна служба.

Сноуден, кој ги откри сите тајни на НСА додека Бајден беше потпретседател на САД, вели дека сегашниот американски претседател е добро информиран за прислушкувањето.

Бајден е добро подготвен да зборува за ова кога ќе ја посети Европа, со оглед на тоа дека е длабоко вмешан во скандалот. Треба да има експлицитно барање за целосно јавно објавување не само од Данска, туку и од нивниот постар партнер“, објави Сноуден на Твитер.