Мицкоски тврди дека партијата не го блокира законот за државјанство

Нема договор за деблокирање на нацрт-законот за државјанство. На координацијата што се одржа во Собранието меѓу координаторите на пратеничките групи, „Левица“ не се откажа од блокадата.

Алијанса за Албанците и Алтернатива неофицијално побарала од ВМРО ДПМНЕ – пратениците да се повлечат и да не дискутираат, и да останат само пратениците на Левица.
За овој предлог, се дознава дека координаторот на ВМРО-ДПМНЕ побарал да разговара со лидерот на партијата.
Мицкоски пак, негира дека ВМРО ДПМНЕ во Собранието го блокира предлог-законот за државјанство и го обвини СДСМ дека предложила измени на законот без консултација со опозицијата.

Извор: alsat.mk