АктуелноЛокално

Левица: Квазиреформите во образованието – насилство врз националниот идентитет

Секторот за образование на Левица со реакција кон СДСМ, кои како партија константно прават притисоци да се бојкотираат протестите на учениците и родителите кои се против таканаречените „реформи” на Мила Царовска.
За ова кажува аудио снимката на која јасно се слуша членот на ЦО на СДССМ од ОО Босилово, Митко Караиванов.


„Веќе со месеци јавноста е разбранувана поради скандалозните најави кои доаѓаат од МОН. Имено, под превез на наводни реформи и модернизација на образованието, се прави брутален и невидено монструозен обид за разнебитување на националното самочувство и идентитет.

Последните седмици незадоволството се канализираше и се излеа на улиците во сите градови – родителите, обединети во граѓанска иницијатива застанаа во одбрана на правото на децата да се образуваат. Арогантната, автократски настроена Мила Царовска, место да ја аргументира искреноста на своите заложби преку градење натпартиска, национална платформа за вистински реформски зафати, прави брутални, ни најмалку демократски и европски обиди да го задуши незадоволството. Деновиве истото може да се посведочи преку аудио снимката на која јасно се слуша членот на ЦО на СДССМ од ОО Босилово, Митко Караиванов кој вели:

„Имаме сектор кој ги следи нивните коментари, ги следат и нашите коментари нонстоп на социјалните мрежи и аплициравме и на културен начин објаснуваме. Еве, последниот пат, последната случка ни беше за новиот пакет на образование којшто го предлага министерката. Тука се соочивме, со како да ви кажам, се соочивме со проблем кој требаше … и го загушивме штрајкот што го организираа.“

Тоа е вистинското лице на власта, тој е демократскиот потенцијал со кој располагаат нејзините платеници! Немајќи аргументи против очигледниот обид за инсталирање ненародни интереси преку образованието, тие се обидуваат да го загушат нивниот глас!

Левица стои цврсто на ставот против квазиреформите и насилството врз националниот идентитет, кои се обидува да ги протурка власта, служејќи им на други, не на народните интереси!”