Илиевски: Елементарно непознавање или политиканство на Академик Камбовски

Ѓорѓи Илиевски
Виш просветен инспектор

По  даденото  одобрение на Владата, за вршење на високообразовна дејност на странска високообразовна установа на Великотрновскиот  универзитет „Свети свети Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Република Бугарија, на територијата на Македонија, а по предходно позитивно мислење на Одборот за акредитација на високото образование, каде што нејзин претседател е академикот на МАНУ Владо Камбовски, истиот на незаконски и неетичен начин дава  изјава. Имено, академик на МАНУ Владо Камбовски потпишува позитивно мислење од „стручната комисија“ и по тој повод (читај: портал факултети.мк) изјавува дека: „ Наставата ќе се одвива на бугарски јазик, но мора  да обезбеди настава и на македонски јазик. Тоа од една страна значи и признавање на македонскиот јазик“.  Ова е изјава  од човек кој бил професор по право, односно, по Кривично право, бил претседател на највисоката научна македонска институција МАНУ. Само да го потсетам овој академик за елементарното непознавање на Законот за високо образование? Што се крие во неговата изјава, поконкретно неговото политиканство. Господине Камбовски, во нормална правна држава, за ваквите ваши недоквакани изјави, веднаш треба да бидете разрешени од оваа функција претседател во Одборот за акредитација на високото образование. Воедно и да се расправа во МАНУ за вашиот неетички кодекс, несериозен приод и елементарно непознавање на Законот за високо образование. Да те потсетам Камбовски, читај: „ во членот 25 од Законот за високо образование. Имено, во став 1 од истиот член  стои: „ Странска високообразовна установа, на која и е признато правото да врши високообразовна дејност, односно е акредитирана за вршење на високообразовната дејност во земјата во која и е седиштето, врз основа на одобрение од Владата на Република Македонија, по предходно мислење од Одборот за акредитација на високото образование, може на некој од светските јазици да врши високообразовна дејност на територијата на Република Македонија“.

Камбовски (намерно не ја ставам придавката академик) светски јазици? За тебе кој е светски јазик бугарскиот. Ќе го употребам зборот на твојот пријател Зоран Заев: „ Мало сутра“. Ова е речникот на Зоки на странски јазик, Ама не е светски на српски е. За тебе доста познат. Долги години работеше во Белград на високи функции. 

Твојот арогантен однос, а со твојата недоквакана изјава, цел ти е да го потцениш и омаловажиш македонскиот народ. Но твоето политиканство ти е прочитано. Со ваквата твоја изјава се девалвираш, исмеан си од ректорот на Великотрновскиот универзитет. Го девалвираш и МАНУ, која треба оваа наша македонска највисока институција да расправа за твојот однос и за твојот непрофесионален приод и етички кодекс.

Сакам да знае македонската јавност  за делувањето Ваше  по пензионирањето?

По пензионирањето, земаш активно учество  и се активираш  во разни матични комисии за формирање на приватни универзитети, како и активно учествуваш како ректор на приватниот ФОН универзитет ???!!! Па со право академската фела ти го поставува прашањето. Дали академикот Камбовски има контрола врз   акредитирање и реакредитирање на студиски програми на универзитетите (факултетите)? Камбовски: Зошто го штитиш приватниот универзитет ФОН-Скопје? Дали се акредитирани студиските програми на англиски јазик на овој универзитет? Да,треба да одговориш лично ти. Што сте презеле за незаконитостите на овој (твој) универзитет?!! Дали има соодветен наставен кадар согласно ЗВО !!! Јас велам дека нема. Кои се странците на овој твој универзитет?? Понатака, те прашувам: Што е со огромниот број студиски програми кои се заглавени во постапките за (ре) акредититација во Одборот, а со кои безочно се блокира работата на некои  од непривилигираните факултети? Како ќе се акредитира новиот Правен факултет на универзитетот „Мајка Тереза“- Скопје, кои немаат соодветен наставен кадар или Студиска програма по Царина-шпедиција и осигурување, на овој политички универзитет!!!  Камбовски, треба за ова да одговорите. Очекувам да одговориш. Дали сносиш одговорност. Да, треба да сносиш. Со право велат од академската фела дека си  соучесник за овој образовен криминал во високото образование во Македонија!!. Треба гласно и јасно да одговориш. Ова од тебе и се очекува како член  на  МАНУ, во спротивно ги кршиш и нивните правила и етички принципи како највисока научна институција во државата!

На крај ќе ја цитирам пораката на нашиот македонски идеолог Гоце Делчев: „ Јас не познавам друг народ кој повеќе страда од предавството на своите синови-изроди како македонскиот. Историјата  не памети друг таков пример кога еден народ по традиција, јазик и вера  се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа …