Крмов: Минимизацијата на историјата како наука ѝ одговара на Бугарија

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, во своето гостување изнесе дека образовните реформи ќе ја олеснат капитулацијата на македонските власти пред бугарскиот притисок за ревидирање на историјата.

Минимизацијата на историјата како наука ѝ одговара на Бугарија.

Како што ќе работи Мешовитата комисија за спорот со Бугарија, како што ќе капитулираме ние, значи денеска ќе одлучат дека Илинден е само бугарски, утре ќе одлучат за Гоце, нареден ден за Даме итн. – и како што тоа ќе тече, министерската Царовска ќе може лесно, со еден апдејт, да ги менува учебниците. Додека во печатена форма е многу тешко.”

На прашањето на водителката, Крмов одговори дека е убеден дека македонската власт ќе капитулира пред барањата на официјална Бугарија.