Левица – ЛО Прилеп: Дали е на повидок искористување на деца-ученици во политички цели?
Претседателите на класовите од средните училишта во Прилеп, свикани на ”средба” со директорите, утре, само ЕДЕН ДЕН ПРЕД протестот организиран од страна на родителите од групата УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА!
„Директори на средни училишта од нашиот град свикале состанок со претседателите на сите одделенија, со физичко присуство и зад затворени врати. Состанокот треба да се одржи утре на 14.05.2021 год. на само ден пред протестот кој е организиран од страна на групата ” УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА!” на родители кои се против најавените реформи во образованието.
За дневниот ред на состанокот самите родители на малолетните деца не се информирани и се чувствуваат како да ги праќаат на гилотина имаjќи го во предвид исходот од родителската средба одржана пред само една недела каде што повеќето родители си го изнесле својот став дека се ПРОТИВ актуелните реформи во образованието.
“Дали директорите имаат такво право? Во наше време директорите свикуваа состаноци со родителите, не со малолетни деца”.
“Очекувам состанокот да има репресивен карактер” … се само дел од изјавите на родителите упатени до нас.
Пред само неколку дена дел од учениците се самоорганизирале и го поддржале бојкотот на настава во четвртокот пред Велигден. Имаме информација дека некои од класните раководители на трета и четврта година во едно од средните училишта во Прилеп, воедно и партиски војници на СДС, регистрирале дека незадоволството почнало од учениците од прва година и во меѓувреме барале начин со употреба на закани за намалување на поведението да ја амортизираат целата организација.
Според учениците, мнозинство од професорите без разлика на партиската определеност се против најавените измени, но поради “наредби” од партиски избраните директори и дел од класните наставниците-членови на СДС се пробува под секаков притисок да се изврши влијание и да се протурка оваа неуставна и квази реформа.”
ДАЛИ Е НА ПОВИДОК ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ДЕЦА-УЧЕНИЦИ ВО ПОЛИТИЧКИ ЦЕЛИ? Директори на средни училишта од нашиот град…
Posted by Левица – Прилеп on Thursday, May 13, 2021