АктуелноЛокално

Левица: Од креирањето на одржлив систем на комуникација и комуникациски менаџмент нема ништо

Локалниот огранок на Левица – Свети Николе, реагираше за неостварениот “одржлив систем на комуникација”, кој беше донесен со одлука уште во 2019 година, со предвидени средства од 200.000 денари.


„Во програмата на Општина Свети Николе за активностите во областа на Локален економски развој, на 43-та седница на Советот на општината беше донесена одлука за ,,Услуга за информирање и едукација на јавноста за придобивките и одговорноста на граѓаните во единицата на локална самоуправа преку креирање на одржлив систем на комуникација и комуникациски менаџмент”.

Во одлуката за создавање на ваков систем донесена уште во 2019 година предвидени се средства од 200.000 денари, пари на граѓаните. Речиси две години подоцна системот за комуникација и комуникациски менаџмент не постои.

Ова е само уште еден од бројните неуспеси на локалните власти, Советот и Општината на Свети Николе, каде не само што не го исполниле ветувањата на граѓаните туку и проектите кои се изгласани на Совет и за нив се одвоени финансиски средства остануваат нереализирани.“


ОД КРЕИРАЊЕТО НА ОДРЖЛИВ СИСТЕМ НА КОМУНИКАЦИЈА И КОМУНИКАЦИСКИ МЕНАЏМЕНТ НЕМА НИШТО!!! Во програмата на Општина Свети…

Posted by Левица – Свети Николе on Saturday, May 8, 2021