АктуелноЛокално

Левица: Урбаното разубавување се претвори во градежно силување

Локалниот огранок на Левица – Битола реагираше за „просторното разубавување” од страна на градоначалничката Наташа Петровска со ништењето на зеленилото во градското централно подрачје.


Изминативе денови бевме сведоци на уништување и сечење на дрворедот пред поштата на ул „Рузвелтова” во Битола.
Во занесот од предизборната кампања, градоначалничката Наташа Петровска без нималку чувство, во името на „просторното разубавување” го уништува зеленилото и тоа токму во градското централно подрачје каде што има најголема фрекфенција на возила и најголемо аерозагадување.

Знаејќи дека Битола е од најзагадените градови во Македонија, и знаејќи дека градоначалничката Наташа Петровска ветуваше справување со аерозагадувањето, ваквиот чин е токму спротивен и делува потценувачки кон сите граѓани на Битола.
Имено, не смееме да дозволиме секоја слободна зелена површина да биде запоседната и узурпирана од процесот на урбаното разубавуање и да биде предмет на градежно силување.

Бескомпромисната битка за профит и власт во пресрерт на локалните избори носи непоправлива штета на тешко обновливи зелени површини.

Битола заслужува подобро.
Битолчани заслужуваат повеќе.


УРБАНОТО РАЗУБАВУАЊЕ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ГРАДЕЖНО СИЛУВАЊЕ Изминативе денови бевме сведоци на уништување и сечење на…

Posted by Левица – Битола on Thursday, May 6, 2021