Саше Јанчев е човекот кој изоде 154 км во чест на Гоце Делчев

Членот на Централниот Комитет на Левица, Саше Јанчев со неверојатен подвиг во чест на 118 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Јанчев, тргнувајќи од својата родна Гевгелија, после 35 часа пешачење и 154 километри, пристигна да се поклони на гробот на Гоце Делчев во Скопје.

Во чест на Гоце денес завршив со тридневен марш. По 154 километри и 35 часа пешачење пред петнаесеттина мин од Гевгелија стигнав кај Гоце во Скопје.

Првичната идеја ми беше да тргнам од Кукуш и од таму пеш да донесам младо дрвце кое сакав да биде посадено во близина на вечното почивалиште на Гоце. Арно ама короната го осуети тој план.

Годинава ко за прв пат, толку. Догодина здравје, можеби сосе дрвце, со екипа и со старт од Кукуш.

Учителе, Твојот сон за САМОУПРАВНА МАКЕДОНИЈА како центар на врзување на една Балканска Конфедерација која ќе ги помири балканските државички и која ќе им овозможи да не бидат слуги на Вашингтон, Брисел и Москва уште ЖИВЕЕ. Вечна слава Учителе – напиша Јанчев на својот профил.

Во чест на Гоце денес завршив со тридневен марш. По 154 километри и 35 часа пешачење пред петнаесеттина мин од Гевгелија…

Posted by Саше Јанчев on Tuesday, 4 May 2021