Парада на победата во Скопје

Во рамките на одбележување на 76-годишнината од победата над фашизмот, руската амбасада во Македонија организира пренос на екранот на Македонскиот телеком на плоштад Македонија. На настанот ќе бидат пренесени првата Парада од 1945 година и Парадата од 2021 година.

Снимките ќе бидат прикажани на 9 мај, од 11:00 до 13:00 часот.