АктуелноЛокално

Црвена Младина: Историските факти не можат да поттикнуваат омраза и дискриминација!

„Како и многу пати досега, така и овој пат, владата предводена од СДСМ повторно носи избрзани реформи без доверба од граѓаните и научната фела. Воспоставувајќи еден „прогресивен” култ, најавуваат дигитализација во образованието и притоа наведуваат дека дел од учебниците ќе бидат подлежни на ревизија, поради присуството на дискриминација и говор на омраза во истите.

Без никаква јавна дебата, консултации со стручни кадри и без легитимитет од граѓаните, се сомневаме дека ваквата избрзана реформа во овие сензитивни периоди треба да биде воведена без темелно и детално, научно истражување, особено не во моменти кога нашите соседи ги оспоруваат историските факти.

Имено, за нас крајно деградирачки делува ставот на СДММ дека во учебниците постои дискриминација, говор на омрза, нелогичности и неточности кои поттикнуваат етничка омраза. Историските факти не можат да поттикнуваат омраза и дискриминација. Историјата и историските факти постојат за да извлечеме поука од минатото и оптимистички да гледаме во иднината.

Не смееме да дозволиме да ни се случи историски ревизионизам затскриен под флоскулите „дигитализација” и „реформи”. Во држава каде што огромен дел од населението живее со 2 евра на ден, воведување на дигитализација и наметнување на ваквата реформа каде што трошокот и одговорноста за електронските уреди ќе биде на родителите, претставува луксуз. Во држава каде што власта безлично ги изустува милозвучните зборови за намалување на некаква си етничка и родова дискриминација, а истовремено тие истите со нивните дела и реформи ја поттикнуваат таа дискриминација, денеска најавуваат реформи од кои дополнително ќе ја зголемат социјалната раслоеност.

Ние се залагаме за реформи во образованието, но реформи кои ќе се воведуваат постепено, со доверба и легитимитет. Реформи кои нема да бидат политички, туку напротив – крајно дистанцирани од било какви актуелни политички случувања. Реформи кои ќе бидат донесени благодарение на потребите и барањата на учениците, а не на политичарите.

Образованието не смее да биде експеримент, привилегија и луксуз!”


СТОП ЗА ДИГИТАЛНИТЕ ЕГЗИБИЦИИ Како и многу пати досега, така и овој пат, владата предводена од СДСМ повторно носи…

Posted by Црвена Младина on Friday, 30 April 2021