Народ, свет – Карл Сандберг

Јас сум народ – толпа – свет – маса.

Знаете ли дека сите големи дела во светот настанаа благодарение на мене?

Јас сум работник, пронаоѓач, производител на храна и облека за целиот свет.

Јас сум јавноста, која сведочи за историјата.

Јас ги создавам Наполеоните и Линколните. Тие умираат.

Тогаш испорачувам нови Наполеони и Линколни.

Јас сум семе на тлото. Јас сум прерија/ливада, место за многу орања.

Ужасни олуи минуваат над мене. Заборавам.

Најдоброто од мене е исцицицано и потрошено. Заборавив.

Сѐ, освен смртта, доаѓа кај мене и ме тера да работам и да се откажам од она што го имам.

И, заборавам.

Понекогаш ќе заржам, ќе се стресам и ќе испрскам неколку црвени капки за да ги запамти историјата.

И тогаш – заборавам.

Кога јас, народот, ќе научам да се сеќавам; кога јас, народот, ќе се послужам со лекциите од вчера и ќе прекинам да заборавам кој ме ограби минатата година, кој ме изигра како будала, тогаш во целиот свет не ќе се најде говорник, кој ќе го изговори името „Народ“ со ронка на потсмев во гласот или со некоја далечна насмевка на презир.

Тогаш толпата – светот – масата ќе пристигне.

“И не зборавај, народе, кој и што ти сторил – кога и да било.

Само така ќе научиш да не бидеш исмејуван, со бесрамен потсмев и со надменост влечен за носот, ограбуван и потценуван.

Само така, народе, ќе научиш да избираш, да контролираш и да владееш.

Нема да биде лесно и брзо. Но, ќе биде!