Крмов до Маричиќ: 100.000 неправилно издадени изводи предизвикале 6 милиони денари штета на буџетот!

Date:

Пратеничко прашање на пратеникот Борислав Крмов кон министерот за правда, Бојан Маричиќ за 100.000 неевидентирани изводи и работењето на директорот на Управата за водење на матичните книги, Бујар Дардишта.

„Во јануари излезе ревизорскиот извештај за Управата за водење на матичните книги за 2019 година, каде што има повеќе прекршоци, меѓу кои: не е донесена интерна процедура за регулирање на постапката за издавање изводи и другите услуги кои што ги нуди Управата. Имено, издадени се 22.000 погрешни изводи и бидејќи нема донесено интерен акт за утврдување на одговорност, штета и надомест на штетата конкретно од овие изводи – ние не знаеме кој ќе ја надомести таа штета.

Понатаму, севкупно, со грешка (на овој или оној начин), без заведување во матичната книга на родените, се издадени 98.381 Извод! Значи, тоа се скоро 100 илјади Изводи без уплаќање на средства и не се евидентирани во евиденцијата, односно не се наведени во книгите во материјалниот дел и не се архивирани – севкупната штета врз Буџетот на РМ е 6 милиони денари!

Веќе четири месеци го имаме овој извештај и кога ќе видете дека има 100 илјади неправилно издадени Изводи – значи дека има сериозни индикации за намерно и смислено делување. Ние основано се сомневаме дека овие 100 илјади изводи, ќе бидат злоупотребени за Пописот што беше одложен и следи во септември.

Сте имале четири месеци да реагирате, ова е директен орган под вашето министерство и вие сте најповикан да реагирате на вакво очигледно противзаконско делување.

Моето прашање е: Зошто не сте реагирале четири месеци и дали планирате воопшто да реагирате?



Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Трамп сака ЕУ да испрати војници во Украина

Се шпекулира дека предлогот за прекин на огнот би...

Тестиран кинески хиперсоничен авион што лета со брзина 6,5 пати поголема од брзината на звукот

Главниот истражувач на проектот изјавил дека станува збор за...

Нигер го забрани Би-Би-Си поради „ширење дезинформации“

Регулаторот за медиуми на африканската држава нареди суспензија на...

Левица: Во кујната во „Кромберг и Шуберт“ продолжува кршењето на работничките права

Пред одреден период, Левица објави за непочитување и кршење...