АктуелноЛокалноСтав

Скандалот со хонорарците е само дел од легалниот политички поткуп на власта

Статус на Реџеп Исмаил – Хактан:

”Скандалот со хонорарците во Влада е само едно мало парче од мозаикот на методи и практики за тоа како властите во Македонија ги користат јавните ресурси за легален политички поткуп, односно, обезбедување на поддршка за своите катастрофални политики, кои секој ден се повеќе натежнуваат над плеќите на обичниот народ!

Нерационалните трошоци на државниот апарат покрај тоа што: намерно, со умисла и тенденциозно се вградени во сите пори на политичкиот систем на државава (како во поделбата на ЛОКАЛНА и ЦЕНТРАЛНА власт, така и во институциите како апарати на посебните власти од фамозната поделбва на власта на СУДСКА, ПАРЛАМЕНТАРНА и ИЗВРШНА) тие уште се и главна и ОЧЕБИЈНА карактеристика на владејачка структура која власта ја узурпирала со една и единствена умисла – лична корист за себе и блиските до себе. Оваа гарнитура во поглед на подобрувањето на состојбите во државата нема ама апсолутно никаква идеја и визија што со власта која ја приграбува, за нејзе таа (власта) единствено постои како цел за себе!

Мислам дека нема потреба од посебна елаборација за тоа како сето ова функционира во една целина. Доволно е да се сетете само на кој начин се вработувањата во администрацијата ширум министерствата, каде имаме случаи на вработени кои примаат полна плата а не се појавиле на работа дури и до 10 години?! Потоа, разните комисии и одбори по јавните претпријатија, кои не само што се неефикасни и без никаква одговорност туку и се гломазни од аспект на луѓе кои имаат огромни примања од државниот буџет без никаква одговорност за неефикасноста и неефективноста во работата на самите претпријатија. Понатаму, имате разни медиуми кои опстојуваат благодарение на добиени средства, директно и/или индиректно, токму од Буџетот на Републиката, тука спаѓаат и сите оние државни културни институции кои се партизирани до таа мера што „делата“ кои ги продуцираат се само репродукција на владејачкиот наратив кој пак не само што е партиски туку е во директна спротивност и на штета на националниот/државен интерес на земјата; па само куртонизирањето на ТВ Телма државата ја чинеше 32 милиони евра (закон за ГАМА, односно „спогодбата“ со АД Макпетрол).

Понатаму, постојат еден куп ОГРОМНИ трошоци со кои владеачката гарнитура ја обезбедува својата поддршка, а тоа се таканаречени трошоци од „АУТ-СОРСИНГ“ на задачите кои во суштина треба да си ги заврши државната администрација. За тендерските практики и привилегиите на избраните и именувани функционери пак воопшто и да не споменуваме…тоа е како утринска програама на македонска телевизија – ја гледаш ама не слушаш, оти милјон пати ти е слушнато истото и отрпнат си некако па додека пиеш каве се концентираш на парчињата облека на водителот.

Инаку, најспорниот момент со владините хонорарци е тоа што отворено се гледа дека нивната работа е плукање по политичките противници на владеачката гарнитура. Значи не е ни критика а камоли пак конструктивна, туку, доколку само ги видите нивните профили на социјалните мрежи, а богами и нивните хоборарни текстови по невладините организации ќе видете дека тие буквално, во работно време, плукаат, клеветат и оцрнуваат политички противници на владеачката гарнитура. Еклатантен пример за ова е токму Петрит Сарачини, кој не пропушта ниту една прилика да ја исплука Левица. Но јас би сакал да свртам внимание на уште еден метод на злоупотребување на државни пари преку промоција на нелегитимни, па дури и нелегални партиски интереси, а тоа се државните финансии кои големите партии ги добиваат за своите „партиско – аналитички центри“. Минатата година по овој основ се исплатија блиску 320.000 евра. Документациски сето тоа е во ред, но доколку се направи ревизија на нивното работење недвосмислено ке се утврди дека нивните „публикации“ се само обвивка за да ги покријат вработувањата во тие „париски институти“ чии вработени прават се освен аналитика.

Владеачката партија на пример има таков партиски-аналитички центар во кој вработените имаат единсвена задача да прават мемиња кои имаат за цел иссмејување со истакнатите партиски активисти на опозициските партии, секако, изоставени се албанските опозициски партии, оти нели, „едно опш(т)ес(т)водва кантона…конташ…?! А да заборавив, овие типчиња од институтот на СДС „прогрес“ исто битна задача им е да следат каде паркира Апасиев за да пријават у градски паркинг!„


Скандалот со хонорарците во Влада е само едно мало парче од мозаикот на методи и практики за тоа како властите во…

Posted by Реџеп Исмаил on Tuesday, April 13, 2021