Европа и Италија „ѝ се заблагодарија“ на Куба со продолжување на санкциите

Европа и Италија „ѝ се заблагодарија“ на Куба за помошта преку продолжување на санкциите и ембаргото. Иако Куба ја спаси ЕУ од пандемијата, Брисел уште еднаш ги продолжи санкциите за оваа карипска земја.

Пред нешто повеќе од една година, на 21 март, 53 лекари од Куба (кои се дел од бригадата Хенри Рив) пристигнаа во Италија, за да им помогнат на лекарите во Ломбардија во борбата против пандемијата на коронавирусот. За разлика од несебичната солидарност на малата Куба, Италија гласаше против Резолуцијата претставена пред Советот за човекови права на Обединетите нации за негативните последици од економските санкции што ги применуваат некои земји кон други, вклучително и Куба.

Во март 2020 година, сите жители на Италија, медиумите, политичарите и членовите на тогашната влада на Конте, се заблагодарија на Куба, која и покрај економската блокада и првите случаи на регистриран вирус дома, ги испрати своите лекари да му помагаат на италијанскиот медицински персонал во нивните тешкотии во борбата против Ковид 19. Една година подоцна, Италија „ја обновува својата благодарност“ до кубанскиот народ гласајќи против резолуцијата претставена пред Советот за човекови права на Обединетите нации за осуда на санкциите против Куба.

Резолуцијата, претставена во име на Движењето на неврзаните од Кина, Државата Палестина и Азербејџан, беше изгласана со 30 гласа „за“, 15 „против“ и 2 воздржани. Заедно со Италија, исто така и Австрија, Бразил, Франција, Германија, Јапонија, Велика Британија, Холандија и Полска одбија да гласаат за резолуција со која ќе се укинат санкциите што го попречуваат развојот на независните нации, со што се усогласува со санкциите на САД. Меѓу санкциите што оваа резолуција ги осудува се и оние што се применуваат против земји како Куба, Венецуела, Сирија и Иран.

Минатата година, 52 кубански лекари беа пречекани на аеродромот во Италија со аплауз.


Санкциите ги доведоа овие земји во сериозни проблеми во време кога пандемијата „Ковид 19“ стана потешка.
Точно е дека сеќавањето на Италијаните не оди подалеку од сеќавањето за резултатот од последниот натпревар на омилениот тим, па не можеме да се надеваме дека по една година властите на земјата ќе ги паметат кубанските лекари.

Всушност, минатата година, во првите денови од април, само три недели по пристигнувањето на бригадата Хенри Рив, по повод Генералното собрание на Обединетите нации, Европската унија гласаше заедно со САД, Велика Британија, Грузија и Украина, да се отфрли нацрт-резолуцијата предложена од Русија.

Тогаш, група од студентски, левичарски и други организации од Торино побараа Нобеловатата награда за мир да оди за лекарите од оваа социјалистичка држава. Претставниците на организациите, исто така, изработија графит со натпис „Доктори – не бомби” и слика од поранешниот претседател Фидел Кастро, во знак на благодарност.