Вирусот и државата – совршено партнерство

Статус на Адела Ѓоргиоска.


„Се наоѓаме на сред тотална војна со вирусот. Сите сме можни цели и жртви. Влада на Република Македонија не само што не помага, туку е во активно сојузништво со вирусот, делумно поради неспособност, делумно поради отсуство на било каква одговорност за заедницата на која треба да и’ служи!

Здравството одамна колабира, оставени сме сите сами на себе. Наместо државата да ги мобилизира сите можни ресурси за борба против вирусот, тие си играат пинг понг, во најдобар случај со ефтини препукувања, а во најлош со психопатски обиди за профитирање (како со кинеските вакцини, цените во приватно здравство) или расфрлањето на народни пари (210 мил долари на оружје на сред пандемија).

Нема подобар показател за нивното поимање на политиката од ова! Политиката е одговорност, должност и можност – НЕ е ПРИВИЛЕГИЈА која служи исклучиво за остварување на личен профит и лечење на комплекси – ТУКУ должност да се искористат сите можни институции и канали во борба за заедничко добро.


Политиката постои само надвор и во спротивност со државата – во самоорганизирање по фејсбук групи, групи за донации, болници. Вирусот и државата – совршено партнерство!”


Се наоѓаме на сред тотална војна со вирусот. Сите сме можни цели и жртви. Влада на Република Северна Македонија не само…

Posted by Adela Gj on Wednesday, March 31, 2021