Само неколку месеци од бомбастичното уривање на дивоградбата кај Мавровка, никна нова „припиомена“ градба!
Само неколку месеци после бомбастичното уривање на дивоградбата на местото каде беше кафулето „Фонтана“ во ТЦ Мавровка, на истото место никна нова градба во друга форма!
Сигурно се сеќавате како овој настан власта, а особено градоначалникот на Град Скопје Шилегов, го искористија за ПР кампања со цел создавање на позитивен имиџ кај народот. Тогаш Шилегов триумфалистички изјавуваше дека „уривањето на дивоградбата кај „Мавровка“, ќе дестимулира нелегална градба“. Додека пак премиерот Заев тогаш, после целата драма со „непознатиот инвеститор“ како и „непријавувањето“ на ниту една фирма на тендерот за рушење на дивоградбата, лично најави дека објектот ќе се руши, а насоките за тоа беа донесени на владина седница.
Сега, кога гледаме дека повторно никнала друга градба на истото место, јасно може да заклучиме дека власта тогаш во преговори со „непознатиот инвеститор“ всушност нашле механизам за „припиомување“ на оваа нелегална градба.
После се, јасно е дека народот од сето ова, доби само малку владин циркус, кој беше пренесуван и во живо на национални телевизии, а покрај тоа што изгуби уште една битка со урбаната мафија од негови (народни) пари беше платен и циркузот кој власта им го приреди за мачкање очи во „борбата“ за слободен простор на Градот.