АктуелноЛокално

Власта нема проблем со мешањето на други држави во пописот, Груби тврди дека пописот е политички процес

И покрај бројните реакции во јавноста за мешањето во внатрешните работи од страна на премиерот Албин Курти, кој најави кампања за информирање за пописот во Македонија, од Владата нема никаква осуда. Напротив, во одговор за порталот Плусинфо, од Владата изјавија дека „секој повик за поддршка на пописот го смета за плус придонес кон успешноста на оваа статистичка операција.”

Вчера вицепремиерот Артан Груби имаше официјална средба во Тирана, каде на дневен ред е и пописот во Македонија. Претходно и претседателката на Косово даде поддршка за спроведувањето на пописот. Дури и Артан Груби самиот потврди дека пописот не е само статистички, туку и политички процес, бидејќи правата на Албанците зависат од статистичките податоци. Од друга страна, директорот на ДЗС, Апостол Симовски тврди дека се работи само за статистички процес кој не смее да се политизира и дека непопишувањето ќе се казнува. Останува нејасно за какво политизирање говори Симовски, кога токму највисокиот врв на власта го политизира процесот.

На ова претходно реагираше и членот на Президиумот на Левица, Јована Мојсоска, која напиша дека статистичка операција во една држава не може да е прашање од интерес за друга држава , освен ако целта на пописот не е статистичка, туку политичка – на штета на македонските национални интереси.


После најавата за паралелна кампања за пописот во Македонија од страна на Курти, сега и претседателката на Косово го поддржа пописот. Курти со видео-обраќање најави дека власта во Косово ќе започне КАМПАЊА за информирање за пописот во Македонија. Како статистичка операција во една држава е прашање од интерес за друга држава – освен ако целта на пописот не е статистичка, туку ПОЛИТИЧКА (на штета на македонските национални интереси).

Соседни влади експлицитно се мешаат во суверенитет на Македонија – ама владините мегафони како расипана лента повторуваат како македонскиот национализам е закана за просперитетот на општеството. – напиша Мојсоска.

После најавата за паралелна кампања за пописот во Македонија од страна на Курти, сега и претседателката на Косово го…

Posted by Јована Мојсоска on Friday, 19 March 2021