АктуелноЛокално

Се реактивира мрежата Бојкотирам за пописот!

Додека се попишува дијаспората, од мрежата Бојкотирам објавија соопштение со кое се приклучуаат кон бојкотот на пописот.

Мрежата Бојкотирам се реактивира како би се вклучила во кампањата за поништување на фингираниот попис во најава под слоганот #НеОтворамВрата.

Воедно ги повикуваме сите луѓе да се вклучат активно на мрежите и секој со својата креативност да придонесе во испраќање на пораката против фингираниот попис во сред пандемија.

Фингираниот попис не смее да се оддржи поради 2 причини:

1. Катастрофалниот закон и методологија која дава право на една криминална партија (ДУИ) да ги поништи резултатите ако не им се по кеиф преку заменик директорот на завод за статистика.

2. Катастрофалниот тајминг на одржување на попис додека трае третиот бран од пандемијата со што се загрозува здравјето на луѓето.

Доколку се спроведе пописот ги повикуваме сите политички субјекти од опозицијата да не го признаат истиот.” – се наведува во нивната објава.

Почитуван народе, Мрежата #Бојкотирам 🕸️ се реактивира како би се вклучила во кампањата за поништување на фингираниот…

Posted by Бојкотирам #Апсаана on Monday, 15 March 2021