Викиликс ја откри агресијата на САД во Сирија која предизвика страшно крвопролевање

Во 2010, Викиликс објави 251.287 класифицирани документи од Стејт департментот на САД, кои открија детали за нелегалните дејствија на американскиот интервенционизам ширум светот. Истата година започна прогонот на Џулијан Асанж, кој веќе 10 години се бори против обидите да биде екстрадиран и суден во САД, токму поради неговата улога во обелоденувања на воените злосторства на САД ширум светот.

Пренесуваме текст од 2015 година, заснован на документите објавени од Викиликс, кој се однесува на раните напори на САД во Сирија во подготовка на создавање на граѓанска војна.


На 31 август 2013 година, Барак Обама најави дека планира да лансира воен напад врз Сирија, во одговор на наводен напад со хемиски оружја во земјата, за којшто САД ја обвини владата на Сирија. Обама ја убеди јавноста на САД дека воената акција ќе биде ограничена и ќе има за цел да ја казни владата на Асад за употребата на хемиски оружја, односно целта нема да биде промена на владата, или пак промена на рамнотежата на моќ во граѓанската секташка војна во Сирија.

Историјата покажува дека јавното разбирање на надворешната политика на САД зависи од проценката на мотивациите на американските власти. Вообичаено, тие во јавноста нивните мотивации ги претставуваат како многу повозвишени од тоа што го споделуваат меѓу себе во приватна комуникација. Затоа, важноста на Викиликс е во тоа што ѝ овозможи на јавноста да ја прочита таквата приватна комуникација – за да направи различни проценки за американската политика.

Дописите објавени од Викиликс на јавноста ѝ отворија прозор кон стратегиите и мотивациите на американските власти и службеници. Во случајот со Сирија, тие покажаа дека од самиот почеток целта на американската политика била промената на владата во Сирија, дека САД поддржувале и поттикнувале секташки групи како инструмент за својата крајна цел, а така и ја поставиле основата за секташката граѓанска војна која е одговорно за масовното крвопролевање во Сирија денес. Всушност, главните елементи на политиката на Буш останаа непроменети и за време на администрацијата на Обама, а владата на САД беше заинтересирана за Сирија, не поради човековите права внатре во Сирија, туку поради нејзиниот однос со Иран.

Допис од 13 декември 2006 година „Влијание врз САРГ [Владата на Сирија]” укажува на тоа дека уште од 2006 година – пет години пред почетокот на протестите од „Арапската пролет“ во Сирија – централната мотивација на американската политика била дестабилизацијата на сириската влада. Автор на дописот е Вилијам Робук, во тоа време вршител на должност во амбасадата на САД во Дамаск. Документот ги опишува во детали стратегиите за дестабилизација на сириската влада:

„Веруваме дека најголемата слабост на Башар е во тоа како тој одбира да реагира кон различни прашања (и замислени и реални) како на пример, конфликтот помеѓу напорите за економски реформи и корумпираните сили, понатаму курдското прашање и потенцијалната закана за промена на власта поради зголеменото присуство на исламски екстремисти.“ Понатаму, тој вели дека акциите, изјавите и сигналите на САД треба да бидат во насока на зголемување на веројатноста за такви можности.

Значи, целта на САД од самиот старт била дестабилизација на Владата, иако во јавност САД за залагаше за економски реформи. Всушност, во позадина тие економските реформи ги видоа како можност за создавање на конфликт помеѓу „силите кои биле за економски реформи“ и „корумпираните сили“ во Сирија. Во јавност, САД се противеа на „исламските екстремисти“, но всушност ги гледаа како „потенцијална закана за Асад“ и можност која САД треба да ја охрабри и унапреди.

Понатаму, Робак советува дека САД треба да се обиде да ја дестабилизира владата во Сирија преку блиска координација со Египет и Саудиска Арабија за да ги разгори секташките тензии помеѓу Сунитите и Шиите, вклучувајќи го и промовирањето на „претераниот“ страв од шиитско влијание и ширење на пропаганда за „растечкото влијание на Иран“ во Сирија.

Во време кога војската на САД не успеваше да ја спречи граѓанската војна помеѓу Суните и Шиите во Ирак, САД отвораше нов таков судир во Сирија. Авторот на дописите, Вилијам Робук потоа служел во амбасадите на САД во Ирак и Либија. Од 2015 до 2017 година тој бил амбасадор на САД во Бахреин, а моментално е специјален пратеник на САД во глобалната коалиција против ИСИС.

Башар продолжува со неговите иницијативи за економски реформи, можно е неговата намера да биде ова да стане неговата оставина за Сирија. Иако мерките се ограничени и не се ефикасни, сепак дел од сириската дијаспора се врати и започна да инвестира во земјата. Потребно е да се најдат начини да се оспорат реформите на Башар – на пример, да се покаже како реформите кријат кронизам за да се посрамоти Башар и да се изолира неговиот легитимитет, пишува Робук – вршител на должност во амбасадата на САД во Дамаск.