И во Швајцарија сме Северномакедонци

Не помина многу време од кога апологетите на Заев и СДСМ ги убедуваа граѓаните дека со промена на името не се менува и идентитетот на македонскиот народ. Толку многу го изразуваа “победничкиот” момент на капитулантскиот Преспански договор, што дури и навистина некои луѓе поверуваа (во интерес „бесплатно здравство во ЕУ земјите“) дека веќе може мирно да спијат, дека ќе се Македонци, без разлика на промената на името на државата.

Професорот Апасиев, во неговите јавни настапи, многупати истакнуваше дека промената со Северна е само мала врата кон промена на идентитетот, без разлика на самата содржина на Договорот. Дека сосема нормално ќе биде луѓето кои не се до толку упатени во спорот за името, природно, кога ќе видат дека доаѓате од Северна Македонија ќе ве ословуваат и забележуваат како северномакедонец. Од промената на името на државата до сега видовме многу потврди на ваквата реалност во секојдневниот живот, а пред неколку дена, уште една ваква потврда на тезата на Апасиев, добивме и од нашинец од Швајцарија, кој ни посочи на проблемот со кој лично се соочил:

“По случаен избор добив писмо за попис од швајцарската власт. Во графата за втора/друга националност, не е дозволено да пишам Mazedonien, туку само Nordmazedonien. Тука прекинав да се попишувам и сега ќе морам телефонски да се расправам, бидејќи пописот е задолжителен. Се чувствувам понижен и обесправен. На мојот пасош се’ уште пишува Македонија и Македонец и немам намера да го обновувам, ако треба ќе се откажам од државјанството ама северномакедонско и северномакедонски пасош не ми треба.”

Во прилог е објаснувањето на професорот Апасиев за време на кампањата за бојкот на референдумот.