Горан Калоѓера – македонските национални интереси се предадени интелектуалците молчат а Македонија пропаѓа додека нејзината судбина ја кројат „пријателски“ настроените соседи!

Горан Калоѓера, хрватски славист и македонист, редовен професор по македонистика и кроатистика на Универзитетот во Риека, Хрватска, објави статус на својот ФБ профил во врска со македонските национални интереси, кој подолу ви го пренесуваме во целост на македонски јазик:


Секоја малку цивилизирана земја првенствено потребно е да ги штити своите интереси. Ова го прават сите земји, освен Република Македонија. Нејзината судбина ја обликуваат „пријателските“ соседи, и не само судбината, тие и ја обликуваат и историјата; го оспоруваат нејзиниот идентитет, се ровари во нивното средното и високото образование, а сега на ред е Македонската академија на науките и уметностите, која сака да го зачува своите оригинално и единствено име кои и’ припаѓа како впрочем што е и со другите институции во Република Македонија. 

За нас, кои состојбата во Македонија ја гледаме од „страна“, ништо не е јасно, освен една работа, а тоа е систематското уништување на сите институции што треба да го бранат идентитетот на Македонија и Македонците. Она што го загрижува наблудувачот од страна е неодлучноста, резигнираноста, па дури и постепеното предавање/откажување на самите Македонци од сè што некогаш значеше Македонија. Ретки се интелектуалците кои го креваат својот глас, аргументирано, со знаење и научно втемелено го бранат идентитетот на својот народ, но сето тоа без никаков резултат. Македонија се распаѓа, пропаѓа, се враќа во времето на султанот, кога секој што можеше, посегна да ја подели и ја експлоатираше. 

Одамна се помирив со фактот дека никогаш повеќе нема да дојдам во Македонија, за што ми е жал. Затоа што таму беше убаво и се чувствував како да сум меѓу своите. Но времињата се менуваат, нема повеќе македонски великани како Конески, Тодоровски, Матевски, Качула, Грозданов, Ристовски, кои би можеле да кажат – ДОСТА Е! Секоја чест за оние интелектуалци кои упорно се борат за ВИСТИНА, но кому да го докаже тоа..на луѓето кои се на власт?! Нема шанси! 

За сето ова време се надевав дека нешто во Македонија ќе стане подобро, но вистината е дека не бев во право. Реалноста е сурова, погубна и се плашам за судбината на земјата и луѓето на чија култура и литература им посветив четириесет години од мојот живот.