Левица: Во Психијатриската Болница во Демир Хисар се кршат работничките права
Реакција на Левица – ЛО Демир Хисар
Над 300 вработени во Психијатриската болница во Демир Хисар останаа без јануарската плата, додека 34 работници од почетокот на новата година работат за џабе. Во услови на пандемија, период во кој здравствените работници работат прекувремено скоро секој ден, на голем дел од нив минатогодишните годишни одмори им останаа неискористени, Владата и органите на централната власт наместо да бидат сојузник на здравствените работници, тие немаат слух за нивните проблеми.
Имено, до правниот тим на Левица – Трудов Сектор, пристигнаа неколку молби од страна на вработени во Психијатриска болница – Демир Хисар, за актуелизирање на наводни кршења на нивните права од работен однос. Согласно она што го добивме како информации од нив, во Психијатриската болница Демир Хисар, не била исплатена плата за месец јануари, при што УСНО им било укажано дека најверојатно истата ќе ја добиваат на РАТИ, иако никој од работниците не се согласил на такво нешто, ниту пак потпишал било каква согласност со која што би се поткрепиле овие дејствија од страна на Психијатриската болница Демир Хисар! Исто така, 34 вработени, на кои на 31 декември 2020 година им завршил договорот за работен однос, од почетокот на оваа година работат за џабе! Поради фактот што повеќето од нив се хиегеничари, директорот Стевче Ѓуркоски, ги замолил да продолжат да доаѓаат на работното место за установата да не остане без хигиенска заштита.
Освен тоа, на 64 членови на медицинскиот персонал се’ уште не им е исплатен додатокот за работа во Ковид центарот и надоместоците за работна смена од 24 часа на вкупниот број на медицински персонал!
Во услови кога владее тешка економска состојба во Република Македонија и постои борба за егзистенција, практично секој месец, неисплаќањето на ЗАРАБОТЕНИ ПЛАТИ претставува повреда при работен однос која што МОРА да биде санкционирана.
Овие работници не бараат ништо повеќе од она што со макотрпна работа го имаат сработено, па поради тоа, ние како Левица, партија која што секогаш се залага за правата и интересите на работниците во Република Македонија, БАРАМЕ од генералниот директор на оваа болница – Стевче Ѓуркоски, да се произнесе по овие наводи кои што ги споделија работниците со нас. Исто така, упатуваме јавен повик и до Државниот инспекторат за Труд да излезе на терен и да постапи што поскоро со цел да се утврди фактичката состојба и да се испадне во пресрет на оние чии права се повредени.
ВО ПСИХИЈАТРИСКАТА БОЛНИЦА ВО ДЕМИР ХИСАР СУРОВО СЕ КРШАТ РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА 🚩 Над 300 вработени во Психијатриската…
Posted by Левица – Демир Хисар on Sunday, February 21, 2021