АктуелноЛокално

Нова државна „чешма” за „жедните” партиски грла

Општината Аеродром, донесе одлука за формирање на јавно претпријатие за развој. За в.д. директор е назначен Владимир Стевков, верен партиски и комшиски другар на Златко Марин.

Неговото прво вработување во општинска „служба”, било како чувар на спортскиот центар Ново Лисиче и таму е вработен од предходната администрација на Ивица Коневски и ДПМНЕ. Освен партиска агенда и ширење на пи-ар за активности во политички цели, друга служба нема сработено во неговиот скоро 4 годишен работен стаж во општината. Сега пред крај на мандатот, како награда е поставен за в.д. директор на измисленото Јавно Претпријатие.

Меѓу другото, навистина е несериозно општината да нема Јавни претпријатија за хигиена, култура, инфраструктура, транспорт, а да формира и буџетира ЈП за развојни проекти, воедно во истото да ги вметне раководењето со спортските терени, сали, спортскиот центар Ново Лисиче, јавното осветлување, сервисни улици, тревници, сите можни места и локали, каде за овие 3.5 години се направија најголемите „матни зделки” на Марин и СДС.

Европско знаменце како декор и можност за покривање на непотизам и партиски вработувања, нема да дозволиме. Левица со влегување во советите, или со освојување на градоначалник, мора да ги менува работите и начинот на делување во општина Аеродром. Не смее повеќе да се вработуваат нестручни и необразовани луѓе на раководни позиции, без разлика на политичката припадност и партиски ангажмани. Мора да проработи Меридит системот, секој да биде вработуван и ценет според компетентноста и стручноста.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО АЕРОДРОМ
18/02-2021

НОВА ДРЖАВНА „ЧЕШМА“ ЗА „ЖЕДНИТЕ“ ПАРТИСКИ ГРЛА Општината Аеродром, донесе одлука за формирање на јавно претпријатие за…

Posted by Левица – Аеродром on Thursday, February 18, 2021