ЛЕНКА: Села во декември изјави дека добил гаранција и од Мицкоски за воведување на БИНАЦИОНАЛНА држава

Движењето за социјална правда, Ленка, на фејсбук потсети за изјавите дадени во декември од страна на Зијадин Села, кои укажуваат на договор со Мицкоски кој ќе доведе до промена на Уставот и воведување на бинационална држава. Нивниот статус го пренесуваме во целост:


„Села пред неколку месеци изјави дека добил гаранција и од Мицкоски дека ќе дојде до промена на Уставот и воведување на БИНАЦИОНАЛНА држава. Дали ДПМНЕ намерно манипулира дека со предлог-законот на Беса ќе стои Македонец во личните карти? Сегашното законско решение предвидува да стои граѓанин на РСМ поради Преспанскиот договор.

Бидејќи Законот е поддржан од Алијанса, бранењето на внесувањето на етничка припадност од ДПМНЕ очигледно е само поради хировите на Мицкоски за власт, дури и по цена на Тиранска платформа!“, – се вели во коментарот на Движењето за социјална правда, Ленка.”