Со кршење на Деловникот пратениците на Левица не “стигнаа” да постават пратенички прашања
На денешната седница на Собранието која беше намената за пратенички прашања до власта, пратениците на Левица реагираа дека спротивно на Деловникот им била ускратена можноста да постават пратеничко прашање и дебатата била узурпирана на само четири пратеници од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот Апасиев на својот профил напиша дека доколку и следните пратенички прашања спикерот Џафери не го направи списокот на говорници согласно Деловникот и го оневозможи уставното право да постават прашање пратениците на Левица, истите нема да ја напуштат говорницата.
Дополнително, реагираше и пратеникот Крмов кој напиша:
„На денешната седница моето право да поставам пратенички прашања кое по член 40 став 2 од Деловникот на Собранието ми е ЗАГАРАНТИРАНО, ми беше ускратено од силеџиите од власта! Во 14 часот беше свикана непотребна едночасовна пауза од Талат Џафери само после час работа, иако по Ковид протоколите се свикува на 2 часа. Се само да се скрати времето за дебата и денот го завршивме со смешни четири говорници. При едно од моите процедурални забелешки за кршењето на Деловникот, министерката Радмила Шекеринска искоментира: „Ние за разлика од вас имаме работа“! На министерката и се „брзало“, па моравме Деловникот да го кршиме. Ама ако, се врти тркалото полека полека и тоа во наш правец. Сите овие преседани ДЕСЕТКРАТНО ќе им ги удриме од глава.”
На денешната седница моето право да поставам пратенички прашања кое по член 40 став 2 од Деловникот на Собранието ми е…
Posted by Борислав Крмов on Thursday, 28 January 2021