Амнести Интернешенал избриша настан со Роџер Вотерс поради неговите ставови за сирискиот „хемиски напад“
Според медиумот The Grayzone , врз Амнести Интернешенал биле вршени притисоци да се игнорира хуманитарната дејност на Вотерс, а поради неговите искажани сомневања во врска со наводниот хемиски напад кој беше повод западните сили да ја бомбардираат Сирија.
Вотерс се најде на насловните страници низ целиот свет во април 2018 година, кога тој го прекина концертот во Барселона за да зборува за нападот со хемиско оружје во Дума, Сирија, кој наводно се случил шест дена порано. Обележувајќи ги Белите шлемови како лажна организација која прави пропаганда за џихадистите и терористите, тој посочил дека со западното јавно мислење се манипулира со цел „да ги охрабриме нашите влади да одат и да започнат да фрлаат бомби врз луѓе“. Само по неколку часа, неговото предвидување се реализираше, бидејќи Франција, Велика Британија и САД извршија серија воени напади врз Сирија.
Во мај 2019 година, Вотерс повторно беше предмет на силни критики кога на својата официјална страница на Фејсбук тврдеше дека протечен документ ја оправдал неговата позиција. Станува збор за извештај изработен од тим за откривање факти на Организацијата за спречување на хемиско оружје (OPCW), со кој се оспорува тврдењето дека сириската влада со авиони ги дистрибуирала хемиските бомби, настан што му обезбеди на Париз, Лондон и Вашингтон изговор за воена интервенција. Во извештајот беше наведено дека постои „поголема веројатност“ цилиндрите пронајдени на две локации во Дума, за кои што Белите шлемови тврдеа дека биле исфрлени од хеликоптерите на сириското воено воздухопловство, „да се рачно поставени… наместо да се фрлени од авиони“. Од непознати причини, новооткриените околности не беа дел од последниот извештај на OPCW во врска со настаните во Дума, објавен два месеци пред објавата на Фејсбук на Вотерс.
Вотерс повторно беше мета на критика, откако минатиот август учествувал на онлајн панел дискусија за поддршка на Стивен Донзигер, адвокат кој се бореше американскиот енергетски гигант Шеврон да одговара за масовно уништување на животната средина во Амазон. На споменатиот вебинар, кој бил силно промовиран од Амнести Интернешнал, освен Ватерс, присуствувале бројни активисти како и самиот Дозингер. Меѓутоа, откако учеството на Вотерс предизвикало бурни реакции кај дел од поборниците за промена на власта на Асад во Сирија, објавата за вебинарот објавена од официјалниот Твитер профил на Амнести мистериозно исчезнала.
Yep – not good at all – it’s been deleted.
— kristyan benedict (@KreaseChan) August 5, 2020
Одговорното лице на Амнести за Велика Британија, Кристијан Бенедикт на еден твит со критика за Вотерс напиша дека промовирањето на настанот „воопшто не е добро“ и потврди дека навредливиот твит „бил избришан“
Снимката од телефонски повик од 25 септември помеѓу Вотерс и двајца високи претставници на Амнести Интернешенал САД открива дека твитот бил избришан поради под притисок од голем број лица, особено од страна на Елиот Хигинс, основач на контроверзната веб-страница Белингат, поради ставовите на Вотерс за бомбардирањето на Сирија. Соговорникот Тамара Драут во разговорот потврдува дека твитот е тргнат поради „разликата во мислењето“ во врска со Белите шлемови, т.е воените дејства во Сирија, при што потенцира дека „тие веруваат дека Белите шлемови навистина се активисти за човекови права и се борет за своја заштита и слобода.“
На ова, Вотерс одговара: „Зошто сум несоодветна личност? Затоа што цел живот бев голем застапник за човековите права? Очигледно е дека Белите шлемови беа заплеткани во некоја валкана работа. Амнести никогаш не излезе да изјави дека има сомнежи дека видеото за масовно труење на Белите шлемови е лажно. Затоа што не го поддржувам нивното мислење за промена на режимот во Сирија и непостоечкиот хемиски напад во Дума, Амнести Интернешенал ќе ме стави на црната листа и ќе ме спречи да дејствувам за народот на Еквадор како активист за човекови права.“
Во врска со хемиските напади во Дума, други документи сугерираа дека во јули 2018 година, раководството на OPCW тајно го отстраниле целиот персонал кој вршел истрага во Дума. Одговорноста за завршување на истрагата била предадена на целосно посебен тим кој наместо во Сирија, отпатувал за Турција и зел исклучиво изјави на сведоци и примероци од почва избрани од Белите шлемови и вработените кои не учествувале во ниту една мисија.
Заклучоците извлечени од овие докази драстично се разликуваат од доказите собрани во Сирија и оваа неусогласеност е потенцирана во нацрт-извештајот, но ваквите забелешки отсуствуваат во конечната верзија на извештајот за хемиските напади од владата на Асад.
На состанокот во јануари 2020 година на Советот за безбедност на ООН, предводникот на истражувачкиот тим од OPCW сведочеше дека истрагата за наводниот инцидент недвосмислено заклучила дека не е извршен хемиски напад и посочи дека тој најверојатно бил исцениран од сириската опозиција, со цел да се активира западната воена интервенција.
Меѓу другото, документи укажуваат на огромна и добро финансирана повеќегодишна операција за производство на пропаганда насочена кон Сиријците и кон западните држави, со цел создавање перцепции за умерено и оправдано противење на политиките на владата на Башар Асад од страна на западните држави.