АктуелноЛокално

Ахмети: Груби бил преведувач за случаите од Жолтата куќа

Откако албанската опозиција обвини дека првиот вицепремиер Груби бил преведувач за „Жолтата куќа” на Косово, лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера во емисијата „Клик плус“ изјави дека улогата на Груби била само како преведувач и ништо повеќе од тоа.

„Груби беше преведувач и тој ја објасни целата ситуација во жолтата куќа. Секако, ја знаев за неговата работа. Тој има работено и како преведувач и службеник и во седиштето на НАТО во Скопје“, рече Ахмети.

Тој додаде дека Груби бил само преведувач кој преведувал додека се правеле интервјуа со одделни сведоци за улогата на „Жолтата куќа“ за време и по конфликтот во Косово.

Тој работеше како преведувач и службеник во седиштето на НАТО во Скопје. Беше преведувач и на Холандската амбасада во Скопје, но беше преведувач и на Хашкиот трибунал, 7 или 8 години. Откако се врати од Хаг продолжи да работи во НАТО и Холандската амбасада во Скопје – рече Ахмети.

Ахмети исто така кажа дека не му е пријатно затоа што смета дека се напаѓа мисијата на тогашната ОНА која се бореше за права и слобода на Албанците во Косово. За ова злосторство против човештвото прв пат проговори екс хашката обвинителка Карла Дел Понте во своја книга во 2008 година а случајот освен српското обвинителство го истражуваше и специјалниот истражувач на Советот на Европа Дик Марти.