Фирма на Анѓушев која доби државна помош и отпушти работници должи 40 илјади евра на државата
Фирмата „Каст Инвест” во која удел преку Брако имаше Анѓушев се најде на листата на должници на УЈП.
Според листата на должници со доспеани долгови до 30.06.2020 година која ја објави УЈП овој месец, „Каст Инвест ДОО” Скопје има вкупен доспеан долг кон државата во висина од 2.764.034 денари или околу 44.943 евра. Најголем дел од долгот или 1.714.597 денари е за персонален данок и придонеси, додека 1.119.287 денари за ДДВ.
Оваа фирма ја брануваше јавноста неколку пати додека Анѓушев беше дел од тимот на Заев. Најпрво, во 2018 година оваа фирма додека Кочо Анѓушев беше на функција доби 160 илјади евра од Фондот за иновации. Потоа годинава, за време на вонредната состојба, отпушти 120 работници. Во септември пак, политичката партија Левица во јавноста ги изнесе сомнежите за незаконското присвојување на движниот имот на „Каст Инвест” од страна на „Брако”.
За ниту еден од овие три случај немаше реакција од надлежните институции.