АктуелноЛокално

Апасиев за легендарните велешани – Браќа Кошулчеви (БРАКО)

Денес на својот личен профил, пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, го сподели статусот за уништувањето на „БРАКО“ која го носи името по легендарните партизани, браќата Кошулчеви.


Ако не сте велешанец, сигурно не знаете дека фирмата „БРАКО“ (сега во сопственост на олигархот Кочо Анѓушев) името го носи како кратенка од БРАќа КОшулчеви!Тоа се тројцата браќа кои загинуваат многу млади, како ПАРТИЗАНИ кои се бореле против бугарскиот фашистички окупатор на овие простори: најстариот Владо (убиен на 31 година), средниот Никола (убиен на 25 години) и најмалиот Анде (убиен на 19 години)!

На нивната мајка, легендарната велешанка и антифашистка тетка Васа Кошулчева (1887-1970), поетот Боро Андов и ја посветува ненадминливата песна МАЈКА – која не може да ве остави рамнодушен ако ја прочитате [а и ако се расплачете, не е страшно – луѓе сме]:

Замолчете!
Не пречете!
По улица Жена оди,
на челото со три бразди,
со три бразди за три сина –
за Колета,
Андо,
Владо,
пролетното цвеќе младо,
зол туѓинец што го скина
со меч остар и со оган
низ земјава кога мина.

По улица Мајка оди,
со две очи, два кладенца,
два кладенца сосем суви,
источени солзи врели,
низ одаи пусти, глуви,
над постели, празни, бели.

Помогнете!
Пат правете
да помине мајка стара!
Таа може во нас
ситесиновите да ги бара!

Синовите да ги бара
во војната што ги прати,
а ниеден од нив дома
кај мајката не се врати.

Запомнете!
Раскажете!
Раскажете да се знае!
Ниту еден од три сина!

По години долги, долги…
по илјада, а и згора
некој дедо со внучето
до печката пак ќе седи
и приказна ваква стара
ќе започне да му реди:

– Била еднаш мајка една,
со три сина к’о три џина,
се јунаци лични, стројни
но грабачи, орди диви,
поробиле градови, ниви
па фатиле пушки бојни,
да ја бранат синовите
и другата мајка нивна
– таа мајка Татковина…

По улица мајка мине
со плетена коса сива.
Запомни ја и ти, сине,
таа вечно ќе е жива!

p.s. И после ваквите наши ХЕРОИ, идат Заев и Шеќеринска и се серат у фаца на цел македонски народ.