АктуелноЛокално

Апасиев: За платениот владин НЏО нема ништо свето, туку сѐ е бруто или нето – никој немаше реплика

Објаснувајќи ја партиската структура на новата Влада, пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, во своето обраќање во Собранието рече дека во неа има двајца членови на ВМРО-ДПМНЕ. Иако не ги спомена директно по име со ресорите кои ги кажа јасно беше дека тоа се однесува на Никола Димитров и Венко Филипче. Тој го нарече Никола Димитров „министер за ЕУ-фундаментализам“, а Венко Филипче „министер за задгробен живот“, кој, како што рече, „му беше советник на познатиот ’министер за смрт’“.

Во неговиот втор говор се осврна на статистиката на владиниот состав, каде потенцира дека се ставени луѓе со гола амбиција и накитена просечност. „Имаме најмногу економисти, дури осум, етнички имаме 12 Македонци и 8 Албанци. Се чудам зошто нема Турци или Роми како едно од најмаргинализираното малцинство или зошто нема Срби или Власи.”

Тој додаде дека мандатарот предложил рекорден број на потпретседатели, при што ја образложи одлуката на Уставниот суд по претставка на Левица во која се потврдува дека не постои потпретседател според македонскиот Устав.

„Заевизмот го нарековме највисок стадиум на груевизмот”, истакна Апасиев во ленинистички стил и го цитираше античкиот филозоф Ксенофонт.

Тогаш беше заробена држава, а сега е хибриден режим според Ксенофон, преку четири елементи кои ние ги имаме. Имаме доминација на приватните и бизнис интереси, значи концентрација на богатство и моќ. Второ, имаме арбитрарност и страховлада како никогаш досега со политички затвореници, како и затвор за фејсбук-статуси кое ниту во време на Груевски го немаше. Третата одлика е напната и нездрава заверничка атмосфера и последната одлика е некадарна администрација составена од чиновници и подлизурковци кои ќе доведат до здивена корупција, образложи Апасиев.

Зборувајќи за Заевизмот, пратеникот на Левица додаде дека стимулира сервилен менталитет со кој нема преговори од кој нема излезено поразен, алудирајќи на договорите со соседните влади. Правејќи споредба со претходната влада, Апасиев потенцира дека нема никаква разлика во неолибералните економски политики со брутална редукција на јавното, јавни-приватни партнерства, концесии, зголемување на класните разлики како држава со најголема класна ралсоеност, како и дека НАТО нема да му ги плаќа сметките на народот.

Апасиев се осврна и на НЏО-измот каде изјави дека за прв пат има толку паднати ангели на Сорос, алудирајќи на Маричиќ, Царовска и Груби како дел од амбасадорското лоби кој тепаше на Кале. „Пола од невладиниот сектор станаа цицачи на Новиот режим и станаа фејсбук-милиционери како вазални владини загарчиња. Создадоа своја петта колона, како платен НЏО активизам, со странски пари за кој нема ништо свето – туку сѐ е бруто или нето.“

Тој заврши со изјавата: „Шарената револуција не беше предавничка, таа беше предадена.”


Димитар Апасиев од Собрание 30.08.2020

🚩Денешното обраќање на народниот пратеник и претседател на Левица – Димитар Апасиев околу предлог-Владата на СДСМ-ДУИ:„Се чудам зошто нема [во новата влада] Турци, зошто нема Роми – како најмаргинализираното малцинство, зошто нема Срби или Власи?“„Рекорден број на вицепремиери.“„Одите спротивно на одредбите на Уставот само за [поголем] коефициент за плата. Еве ние како Левица стоиме на располагање и покрај тоа што сме банкротирана партија со Еуростандард банката, од новата тура [државно финансирање], ние да го покриваме тој коефициент на овие 4-ца, само да не се брукате да измислувате функции како ‘потпретседател на Влада’.“ „Да се изразам во ленинистички манир: Заевизмот е највисок стадиум на груевизмот!“„Има 4 одлики по кои ќе препознаете хибриден режим. Првата е доминација на приватните и бизнис интереси над јавниот интерес… Втората е арбитрарност и страховлада… Третата е напната и нездрава завереничка атмосфера… И четвртата и последна одлика на овој хибриден режим е некадардна администрација составена од потемкиновци, значи чиновници подлизурковци, клиентелисти.“„Ние сме класно најраслоена држава од Ирска па до Казахстан!“„За прв пат има толку паднати ангели на Сорос како министри. Тука ќе ги вброиме Бојан Маричиќ на водечкото место, Мила Царовска од сороспиското крило и Артан Груби како хушкач на меѓуетнички тензии кој сега ќе треба да помирува и најверојатно преку ќотек ќе оди помирувањето. Пола од невладиниот сектор станаа цицачи на Новиот режим и станаа фејсбук-милиционери како вазални владини загарчиња. Создадоа своја петта колона, како платен НЏО активизам, со странски пари за кој нема ништо свето – туку сѐ е бруто или нето.“#ЛевицаОдПарламент

Публикувахте от Левица / E majta / Levica в Неделя, 30 август 2020 г.