НАТО носи безбедност само за елитите и капиталот
Реџеп Исмаил (Хактан) за НАТО„Мирот не е само отсуство на војна! Ние сме во секој поглед, со секој поминат ден се понебезбедна земја."➡️Реџеп Исмаил (Хактан) – носител на листа во ИЕ2. #ДржаватаЗаНародот#ЛевицаВоПарламент
Публикувахте от Левица / E majta / Levica в Сряда, 8 юли 2020 г.
Нашите политиканти од разни бои весело извикуваат дека членството во НАТО „ја прави нашата земја е побезбеда“!
Безбедна, но за кого? Безбедна и спремна за оплодување за капиталот во рацете на елитното граѓанство од западниот свет. Безбедна поради положбата на потчинетост и угнетеност на нејзиното работноспособно население, кое е притеснато во социјален ќош од ѕидините на слободниот пазар, претприемаштвото и странските инвестиции!
Но, само споредете го процентот/интензитетот од минатата година на заболени од рак и разни други болести, бројот на улични пресметки, смрт и повреди на работни места, социјално загрозени лица, состојбата на био-опкружувањето, нивото на квалитетот на водата и почвата, дупките по патиштата, безбедносните системи на противпожарните системи и капацитети за справување со елементарни непогоди, состојбата на здравствениот систем и слично. И ќе видете дека земјата со секој поминат ден е понебезбедна за животот ваш и вашата околија!