Ернесто Че Гевара: говор за револуционерната медицина

Здравствените работници се предадени! Оставени сами на себе, не само во борбата против епидемијата, туку во сите овие 30 години на активно руинирање на јавното здравство. Во запуштените болници ширум земјава, секојдневно огромен број луѓе се соочуваат со најголемите трагедии на македонското транзициско секојдневие. Не се борат само со болести, се борат и со наследството на 30 години транзициски хиени, од оние за кои голиот профит е посвет од човечкиот живот и човековото здравје и достоинство. 


Ернесто Че Гевара: говор за револуционерната медицина пред кубанските војници, 1960 год

Здравствените работници се предадени! Оставени сами на себе, не само во борбата против епидемијата, туку во сите овие 30 години на активно руинирање на јавното здравство. Во запуштените болници ширум земјава, огромен број луѓе секојдневно се соочуваат со најголемите трагедии на македонското транзициско секојдневие.Тие не се борат само со болести и зарази, се борат и со наследството на 30 години транзициски хиени, од оние за кои голиот профит е посвет од човечкиот живот, човековото здравје и достоинство.Подолу пренесуваме говор на Ернесто Че Гевара за револуционерната медицина, одржан пред Кубанските војници, во 1960 год.

Публикувахте от Антропол в Вторник, 14 юли 2020 г.

Ернесто Че Гевара: говор за револуционерната медицина пред Кубанските војници, 1960 год 

Скоро сите знаат дека јас мојата кариера како доктор ја започнав пред многу години. Кога станав доктор, кога почнав да учам медицина, повеќето од концептите кои ги имам денес како револуционер, беа отсутни од сандукот на моите идеали. 

Сакав да успеам, како што сакаат да успеат сите. Сонував да станам познат научник, сонував дека ќе работам неуморно за да постигнам нешто што на крајот би можело да се искористи за да му се помогне на човештвото, но во тој момент тоа го гледав како личен успех. 

После дипломирањето, поради склоп на околности, а можеби и поради мојот карактер, започнав да патувам низ Америка, и ја запознав целосно.

И заради условите во кои патував, најпрвин како студент, а потоа и како доктор, започнав да влегувам во близок контакт со мизеријата, со гладот, со болестите…

И почнав да гледам работи – кои во тој момент ми изгледаа исто толку важни како да бидам познат научник или да имам некој важен придонес во медицината – да им помогнам на овие луѓе.

Веќе долго патував, во тој момент бев во Гватемала, Гватемала од времето на Арбенц и започнав да правам белешки за тоа што значи да се биде револуционерен доктор. 

Започнав да истражувам што е тоа што е потребно за да се биде револуционерен доктор. 

Така сфатив една основна работа: за да се биде револуционерен доктор или револуционер, најпрвин треба да има [социјална] револуција. 

За ништо не служи изолираниот напор, индивидуалниот напор, чистотата на идеалите,  желбата да се жртвува цел еден живот на најблагородните идеали, ако тој напор се прави самостојно, осамено во некој агол на Америка, борејќи се против непријателските влади и социјалните услови кои не дозволуваат напредок.

За да се направи револуција потребно е тоа што сега го има во Куба, целиот народ да се мобилизира и да научи, преку употребата на оружје и со остварувањето на воено единство, да ја разбере вредноста на оружјето и вредноста на обединетиот народ.

Така стигнуваме во сржта на проблемот кој сега е пред нас. Денес, имаме право, па дури и должност, пред се’ да бидеме револуционерни доктори, значи луѓе кои го искористуваат техничкото знаење на својата професија во служба на револуцијата и народот. 

Така, испливуваат повторно старите прашања.  Како некој, ефективно може да работи за општото добро, како може да се обединат индивидуалната сила со потребите на општеството?

Еден ден медицината мора да се претвори, во наука која служи за да ги спречи болестите, (која служи за да го насочи народот кон извршување на своите медицински должности и која ќе интервенира само во случаи на екстремна итност, за да изврши некоја хируршка интервенција или за нешто што сеуште не сме ги надминале  во новото општество кое го создаваме.)

Но, за оваа организациска задача, како и за сите револуционерни задачи, фундаментално потребна e индивидуата.

Револуцијата не е, како што тврдат некои, стандардизирање на колективната волја, на колективната иницијатива, туку напротив, таа е ослободителка на личниот капацитет на човекот.

Истовремено, Револуцијата е и насочувач на тој капацитет. И нашата задача денес е да го насочиме креативниот капацитет на сите медицински професионалци кон задачите на социјалната медицина. 

Лекарот, заради тоа што е толку близок со пациентот, заради тоа што тој толку интимно го знае најдлабокиот дел од неговата психа, заради тоа тој го претставува оној кој и’ се доближува на болката и ја ублажува, и има многу важна работа, со голема општествена одговорност. 

Пред извесно време, пред неколку месеци, тука во Хавана, една група на студенти штотуку примени, неодамна примени доктори, не сакаа да одат во селата и бараа одредена наплата за да одат. Од гледната точка на минатото тоа е и логично, барем јас целосно го разбирам.

Едноставно ми изгледаше како да сум пред споменот на тоа што бев и што го мислев пред неколку години. На другата страна е гладијаторот кој се бори, осамениот борец кој сака да обезбеди подобра иднина, подобри услови, и да ја оправда потребата што луѓето ја имаат од него.

Ако ние, медицинските работници, успееме и дозволете ми повторно да ja искористам титулата што долго време ја имав заборавено-, ако сите ние го користиме ова ново оружје на солидарноста, ако ги знаеме целите, ако го знаеме непријателот, и ако ја знаеме насоката во која треба да чекориме, тогаш ни фали само да знаеме кој дел од патот треба да го изодиме секој денес, а тој дел не може да ни се покаже, тој дел е личниот пат на секоја индивидуа. Тоа е она што ќе го прави секој ден, тоа што ќе го собере од своето лично искуство, тоа што од себеси ќе го даде во практикувањето на професијата посветена на доброто на народот. 

Сега, кога ги имаме сите елементи потребни за нашиот марш кон иднината, да се потсетиме на оваа фраза на Марти, која јас во овој момент не ја следам, но која е потребно да се следи постојано

„Најдобриот начин да се каже е да се направи”. Ајде да маршираме тогаш. Кон иднината на Куба!