Локално

Како Азербејџан, уште лани забрани повикување на молитва преку звучници

Фејсбук пост на Реџеп Исмаил, носител на листата на политичката партија Левица во изборната единица 2.


Азербејџан, уште лани забрани повикување на молитва (езан) преку звучници. Ваквата одлука беше одобрена од повеќе имами, вклучително и од страна на имамот на централната џамија, прекрасната Султан Али Џамија во Баку. Дали Исламската Заедница на Азербејџан е исламофобична? Се разбира дека не. Впрочем, како што нагласува и имамот на Султан Али, Ибрахим Јаријев: Ние живееме во секуларна држава, и оваа одлука е нешто што произлегува од потребите на демократијата.

Но, кај нас има една клика која за финансиски бенефиции одработува за владеачката коалиција односно за СДСМ, и овие луѓе, во клеветата и црната кампања одат дотаму што, политизирајќи ја религијата, тие ја искористуваат за клеветење и напат кон Левица и нејзиното раководство, со што партијата ја обвинуваат за исламофобија. Во суштина, токму ова е ширење на омраза и, искористуваќи ги интимните чувства на луѓето со исламска вероисповед ги насочува кон; и повикува на линч кон членовите и симпатизерите на Левица.

А пак прогресивната граџанска класа, никогаш немала храброст да се соочи со горливите прашања и проблеми на заедницата: само сетете се како едни „Расштимани Скопјани“ пееја провокативни песни пред црква но никогаш пред џамија, или како еден наш прогресивен уметник изјавуваше дека, доколку би имал шанса би ги запалил сите цркви; и тогаш овие исто беа нарекувани христијанофобични, но не од нивните другари прогресивните граЏани, туку од страна на неорганизирани и без медиумска поддршка забегани крстоносци! Но јасно е, либералите се подлеци, тие немаат став за ништо, гледиштата ги формираат калкулирајки во насока да бидат прифатени од што повеќе луѓе околу нив – а тоа ги прави попут мајмун кој мора да им се допаѓа на сите.

Постот содржи линк од веста која е на турски јазик и до неа може да пристапите ТУКА.