АктуелноЛокално

Раководството на ЖРМ – Транспорт ги прекршува мерките за заштита и им се заканува на вработените?

Од Движењето за социјална правда „Ленка” реагираа за дојава од страна на вработени лица во ЖРМ — Транспорт, а која се однесува на неодговорното постапување на раководните лица од ова претпријатие.

„Дојавувачите сакаат да останат анонимни поради тоа што добивале закани за отказ токму од раководителите кои покажале несериозност и неодговорност кон мерките за превенција и заштита од ширењето на вирусот COVID-19. Истиот ден, откако вработените забележале за ваквата неодговорност на раководителите, дирекцијата објавила меморандум како предупредување кон вработените дека ќе бидат казнети доколку случајот го обелоденат во јавноста. Подолу објавуваме и две фотографии од индикативните (заканувачки) делови од споменатиот Меморандум. Ги повикуваме надлежните институции да го истражат случајот!”