Левица: Природните ресурси се јавна, а не приватна сопственост!

Реакција на политичката партија Левица.


Испровоцирани од одлуката на Управниот суд која била донесена на 31 март во полза на „Еуромакс“ за рудникот Иловица, го потенцираме ставот на Левица дека националното богатство мора да биде јавно, односно државно. Неговото отуѓување во приватни раце, а особено странски компании треба да биде најстрого забрането. Сите природни ресурси кои се наоѓаат на нашата територија му припаѓаат на народот. Секое негово распродавање на странски и домашен приватен капитал и одлуките кои истото го одобруваат и овозможуваат (како одлуката на Управниот суд) претставуваат чин на национално предавство и треба да бидат најостро казнети.

Повторуваме дека Левица се залага за национализација на сите природни богатства кои изминатите години се дадени на концесија, вклучувајќи ги тука и водните ресурси за кои предвидуваме да станат и уставна категорија. Дополнително, сите постапки за доделување на концесии ќе бидат запрени, а ќе се направи ревизија и на сите досега издадени дозволи.

Потсетуваме дека токму оние кои се обидуваат да не’ убедат дека нашата земја е сиромашна, бесрамно се обогатуваат од распродавањето на нашите заеднички природни и национални богатства. Да беше нашата земја сиромашна, странските фирми немаше да имаат интерес да го ископуваат нашето злато, нашиот бакар или мермер. Ние не сме сиромашни, ние сме постојано ограбувани и опустошувани од страна на домашни арамии во сојуз со странски колонијални интереси. Само сплотената и организирана волја на народот може да им се спротивстави на корумпираните судии и институции, бизнис–ориентираните партии и странскиот капитал.

Јавна сопственост врз заедничкото богатство значи можност тие да бидат ставени во служба на народниот, наместо приватниот интерес, да бидат искористувани за реновирање на старите и изградба на нови болници и училишта, за создавање на производни капацитети во кои работниците ќе бидат третирани со достоинство и држава која повторно ќе им припаѓа нив.

ЗА ЈАВНА СОПСТВЕНОСТ НА НАЦИОНАЛНОТО БОГАТСТВО❗Испровоцирани од одлуката на Управниот суд која била донесена на 31…

Публикувахте от Левица – Зелен сектор в Четвъртък, 14 май 2020 г.