Градоначалникот на Бутел ќе се слика за 5.700 евра
Општина Бутел застапена од градоначалникот Велимир Смилевски склучи договор за фотографски услуги во висина од 5.756 евра односно во денарска противредност од 354 илјади денари.
Не е познато како Општината ќе ги искористи овие фотографиски услуги, односно каква е потребата од истите. Она што е познато е што договорот е склучен со физичко лице Слободан Ѓуриќ на 5 март годинава.
Токму ова име фрла сомнеж на тоа дека целата оваа постапка е спроведена транспарентно и нема судир на интереси. Доколку се погледне на Фејсбук профилот на ова лице ќе се забележи дека тој е голем фан на градоначалникот од редовите на СДСМ споделувајќи бројни вести поврзани со неговото работење.