Документите можат да чекаат, гладот ​​не!

На денешен ден пред 67 години почина еден од најистакнатите лидери на светското работничко движење; лидер кој беше одраз на челичната волја на социјализмот – Јосиф Висарионович Џугашвили Сталин.

СССР, како прва работничка држава во историјата на човештвото, во периодот предводена од Сталин како нејзин лидер, не само што беше силата кој го порази фашистичкото движење како агресија која дојде од западот, туку во целиот период на нејзината слава беше извор на доверба, надеж, прибежиште, како и поттик во борбата против окупаторите водена од потиснатите народи ширум светот. 

Во чест на славното минато на СССР и загубата на еден од нејзините најистакнати лидери, да се потсетиме на едно сведоштво на индиски дипломат преку кое може да се забележи како и на кој начин, во социјализмот се решавале и приоретизирале проблемите кои го тиштат работниот народ.  

По независноста, Индија се соочува со сериозен недостиг на храна што побарува помош од САД и СССР. Додека власти на САД работеле на формалните и бирократски модалитети како да ја испратат помошта, барањето за помош стигнува и до Москва. Сталин, веднаш порачува еден од веќе натоварените бродови со жито, кој бил на пат за друга дестинација, да го промени курсот и да тргне кон Индија. Некој од врвот на официјалното раководство во Кремлин интервенирал со забелешка дека документите допрва треба да бидат пополнети и потпишани, на што Сталин одговорил: „Документите можат да чекаат, гладот ​​не!“.