Став

Апасиев: Царовска заборави дека стечајците се производ на СДС!

Статус на претседателот на Левица, проф. Димитар Апасиев.


Ко о чему, Ес-Де-Ес за СТЕЧАЈЦИТЕ!?

Ја читам брливана Мила Царовска – екс-министерката за сиромаштија (која не’ убедуваше декa едно македонско четиричлено семејство може да живее со 17.000 денари месечно) како се фали со предизборно „решавање на статусот на стечајците“!?
Дотичнава како да забораила дека стечајците се производ на криминалната приватизација на СДСМ и истиот тој СДС на „Нашата Земја“, во 2006, одби да им го реши прашањето на луѓето. Да ве потсетам, Црвенковски стави ВЕТО на законот кој беше донесен во Собранието!

Оттогаш поминаа 15 години и, бидејќи работев со овие луѓе, а и моите родители беа во оваа група, одговорно ви тврдам дека половина од луѓето кои заслужуваа да бидат материјално обезбедени умреа поради секојдневните стресови предизвикани од немаштијата. 🙁
Затоа, муклес таму вие црвенобуржујски лиглиња коа стануе збор за стечајците! Да не сте писнале, оти ќе си го добиете по калаите!!!

p.s. Ко ќе доеме на власт, у Жена Парк карши Собрание, кај шо беше нивниот камп со шатори, ќе им кренеме огромен споменик на оваа херојска класа луѓе кои се вистинските жртви на транзицијата. <3

#ДолуЦрвенатаБуржоазија
#НеПростувамеНеЗабораваме

Ко о чему, Ес-Де-Ес за СТЕЧАЈЦИТЕ!? Ја читам брливана Мила Царовска – екс-министерката за сиромаштија (која не'…

Публикувахте от Димитар Апасиев в Сряда, 15 януари 2020 г.