Роденден на Назим Хикмет – поетот на Револуцијата

На денешен ден роден е Назим Хикмет (15 јануари 1902, Солун – 3 јуни 1963, Москва). Писател, поет Но, пред се, револуционер и уметник чија инспирација во неговите дела е пролетерската борба за ослободување од канџите на капитализмот низ целиот свет. Назим, како еден од најголемите поети на 20-тиот век, покрај тоа што ги опеа пролетерските маки, тој на свој својствен и оргинален начин низ неговото животно патешествие ги прошири и посеа стремежите за слобода и социјална праведност на комунистичките движења ширум светот.  

Низ делата на Назим Хикмет и денеска одекнуваат неподмитливите принципи на анти-империјалистичката и работничко-интернационалната борба на поробените народи. Подолу е неговата поема насловена Јуначе убаво погледни ги ѕвездите“ (Тр: „Delikanlım İyi bak yıldızlara“)


Назим Хикмет – Jуначе убаво погледни ги ѕвездите

Јуначе!.
Убаво погледни кон ѕвездине,
можеби, повеќе никогаш нема да ги видиш!?
Можеби никогаш повеќе;
под светлината нивна;
рацете како хоризонти да ги истегнеш не ќе можеш..

Момче!
Твојата глава
колку ѕвездените темнини
убава, страшна, моќна и добра е.
Ѕвездите, а и твојата глава момче,
се најсовршените нешта во универзумов.

Јунаку!.
Ти, или во некое ќоше,
до смрт крварејки ќе пцоисаш,
или пак на бесилка ќе здиннеш.
Убаво погледни ги ѕвездине,
можеби повеќе никогаш нема да ги видиш…


Препев од турски јазик: Хактан Реџеп Исмаил.