Исмаил: Балканска даночна унија ќе отвори простор за нови алтернативи
Членот на уредничкиот одбор на Антропол Реџеп Исмаил (Хактан) оваа недела гостуваше во емисијата „Уредниците на Алфа”, посветена на последните случувања со Европската Унија и најавите за мал шенген. Во гостувањето Исмаил ја потенцира тоталната некритичност и сервилност на политичките елити кон западниот фактор и отворањето можности за нови алтернативи. Во продолжение го споделуваме дел од неговото излагање:
„Колку тој вакуум простор би можела Русија да го пополни, колку е реално. Реално е затоа што ние географски и културолошки сме многу блиски со Русија. Но, дали е реално? Сега за сега, не и тука не е само Русија. И Кина се наметнува, дури и мислам со поголем капацитет и поголема можност да биде одредена алтернатива тука.
Што се однесува до обединувањето на Балканот, јас сметам дека во овој контекст тоа треба да оди во друга насока. На пример, зошто никој не зборува за даночна унија на Балканот. Да се почне од тој концепт, да се направи одредена даночна унија која што ќе ги унифицира правилата за странски инвестиции на Балканот. Сега имате ситуација каде буквално овие држави кои што ги разговараме, државите од тн Западен Балкан, се натпреваруваат меѓу себе во трка кон дното кој подобри услови ќе направи за инвестиција на странскиот капитал. И сега геополитичките односи не дозволуваат други алтернативи за инвестиции во Македонија и на западниот Балкан и прават притисок тоа да биде само европскиот капитал.”