АктуелноЛокално

Апасиев: Телма ја бојкотира Левица иако самостојно учествувавме два пати на избори

Димитар Апасиев од Левица реагираше на најавата за вечерашната дебата на Топ Тема каде гости ќе бидат претставници на три помали партии, од кои Твоја партија на адвокатот Тортевски сѐ уште не е регистрирана. Според Апасиев, Телма е претворена во провладина телевизија која не поканува претставници од Левица, ниту ги објавува нивните соопштенија.

Левица / E majta / Levica – единствената „трета опција“ која реално има шанси да влезе во парламент и која веќе има учествувано самостојно на два изборни циклуса, со поминат цензус, трета година по ред е упорно БОЈКОТИРАНА од страна на провладината национална телевизија ТВ Телма со Атанас Кировски како главен и одговорен уредник.

Не е викнат ниту еден гостин во емисија, не е пропратено ниту едно соопштение, не е проследена ниту една прес конференција за суштински општествени теми! Тоа е тој професионализам, тоа се тие новинарски стандарди за избалансирано известување.

p.s. И после не се чудете оти гледаноста ви е опадната за 1/2 од времето на Грујо. Оти станавте тоа што го презиравте.”

 

Левица / E majta / Levica – единствената „трета опција“ која реално има шанси да влезе во парламент и која веќе има…

Публикувахте от Димитар Апасиев в Понеделник, 18 ноември 2019 г.