Видео-изведба од оркестарот во Чиле на „El pueblo unido jamás será vencido”

Протестите во Чиле против неолибералните мерки на актуелната влада (поддржана од меѓународните финансиски институции) не стивнуваат. На социјалните мрежи масовно беше споделувано изведбата на познатата песна „El pueblo unido, jamás será vencido!“ (“Народот обединет никогаш нема да биде поразен”) од чилеанскиот оркестар.

Песната е напишана во јуни 1973 година, само неколку месеци пред пучот од диктаторот Августо Пиноче, кој насилно ја презема власта во септември истата година. Песната првично беше компонирана како химна за социјалистичката влада на Салвадор Аленде, како одраз на духот на масовната мобилизација на работничката класа која во 1970 година го избра Аленде за социјалистичка трансформација на Чиле.

За време на кампањата на Аленде, „El pueblo unido, jamás será vencido” беше чест слоган. По државниот удар, поддржан од САД, песната прерасна во химна на чилеанскиот отпор против режимот на дикатоторот Пиноче. За време на актуелните протести во Чиле, познатите социјалистички стихови повторно се слушнаа гласно низ целата земја.