АктуелноЛокално

Профитот и природата

Фејсбук-статус на Љубомир Цуцуловски.


Сакал-несакал, повторно се сетив на Карл Маркс. Повод е денешната хаварија со токсичната хемикалија во „Охис“. Имено, уште во првата половина од 19-от век Маркс потенцирал дека бесчувствителниот/деградирачки однос кон природата е само израз (посебен момент!) на бесчувствителниот однос што капиталот го има кон човекот, бидејќи човекот е, исто така, природа. Притоа, Маркс додава дека во безмилосната експлоатација на природата се рефлектира оптштата експлоатција на човекот од страна на друг човек, бидејќи во трката кон поголем профит ирелевентна станува природата и нејзината судбина, а со тоа ирелевантен станува и самиот човекот, како нејзин дел. Според тоа, не станува збор за еколошки проблем, туку за битно системски проблем – за проблем на самиот општественo-економски систем.

Така било пред скоро два века. Иронијата станува уште поголема кога ќе се земе предвид дека во јавноста се нагласува дека среќен момент, во сета денешна хаварија, бил фактот што депото, во кое била складирана токсичната течност, било изградено според за време на Југославија, според југословенските стандарди. Југославија, пак, е држава која не постои веќе триесет години. Оттука, на посреден начин, може да се заклучи на кое дереџе се денешните стандарди во Република (северна ли беше?) Македонија.

П.С. На приложената фотографија се гледа само дел од Скопје. Снимката ја направив на 7.11.2019 година, во 14:48 часот. Мислам дека глетката е коментар сам за себе.