Шеќеринска: Сепак не сме исти!
„Значи, не сме исти! Неверојатно е колку не сме исти! Но од оваа вмровска нација ич не очекувам да сфати дека не сме исти.
И, да бидам искрена, смачено ми е да ви објаснувам работи што се јасни како бел ден, но не сум јас крива што вие сте една неписмена раја што се бања само во недела и повтара како папагал се што руските инфилтранти во Нашата Земја ќе пуштат по медиуми за да ги спречат евроатлантските интеграции!
Значи вака: сте чуле ли вие за ИМПЛИКАЦИЈАТА? А? Епа не сте чуле, затоа и мислите дека сме исти.
ВМРО, кога бара нешто од ДИК, мора да им се ЗАКАНИ за тие да ги послушаат. Тие се прави грубијани, без никаква култура, нула елоквенција! Затоа и ни ја заробија правната држава 11 години!
Ние, од друга страна, НЕ СЕ ЗАКАНУВАМЕ! Ние БАРАМЕ, а на нив оставаме сами да ја сфатат ИМПЛИКАЦИЈАТА и да постапат СООДВЕТНО на нашите барања! Јасно ли ви е сега колку сме ние различни? Зарем морам јас да им кажам на господата од ДИК што ќе им се случи ако не постапат по нашите барања?
Можете уште еднаш да се уверите: не сме исти!“ – Radmila Sekerinska, фан на култната комедија “It’s always sunny in Philadelphia”