„Потекло на семејството, приватната сопственост и државата“ – Фридрих Енгелс

Извадок од „Потекло на семејството, приватната сопственост и државата“ напишано од Фридрих Енгелс.


На кој начин моногамијата произлезе како последица на економските односи, дали таа ќе исчезне со исчезнување на околностите создадени од ваквите економски односи? Со право може да се одговори следното: Не само што таа нема да исчезне, туку, напротив, тек ќе биде реализирана во целост. …моногамијата, наместо да згасне, конечно станува реалност…

Генерално, потполно ослободување при склучување на бракот може да биде случај само тогаш кога ќе биде елиминирано капиталистичкото производство и имотните односи создадени од и во него. Тогаш ќе бидат отстранети сите споредни економски ограничувања и обзири кои сè уште имаат многу силно влијание врз изборот на сопруг. Тогаш нема да има никаков друг мотив за брак освен взаемна наклонетост.

Понатаму, она што денес можеме да го чуеме за уредување на сексуалените односи по претстојната елиминација на капиталистичкото производство, претежно е негативно по природа, и се ограничува себеси најмногу на она што исчезнува. А што доаѓа ново?

Тоа ќе се реши со доаѓањето на новите генерации: генерација на мажи кои никогаш немале можност да купат жени со пари или други средства на социјална моќ; и генерацијата на жени кои никогаш не се нашле во околоности каде треба да се предадат на маж од која било друга причина освен вистинска љубов, желба и страст, ниту пак да си ја ускрати желбата од подавање на својот сакан само заради страв од економски последици.  

Кога ќе се појават овие генерации, последна грижа ќе им биде тоа што денешниците замислуваат дека они треба да прават; тие ќе создадат своја сопствена пракса и соодветно јавно мислење за практиката на секоја личност. 

И конечно, се создава ново морално мерило за оценување на сексуалниот однос; не се прашува само: дали таквиот однос е во рамките на бракот или надвор од него, туки и тоа: дали таквиот однос произлегува од взаемна љубов или не?